Википедија:Солидарност со штрајкот на корисниците на Википедија на германски, дански, словачки и чешки јазик

Екранска снимка на главната страница на Википедија на германски јазик на 21 март 2019 година

На 21 март 2019 година, содржините на Википедија на германски, дански, словачки и чешки јазик се недостапни за читателите во знак на протест против делови од предложениот закон за авторските права во Европската Унија, за кој е предвидено да се гласа во Европскиот парламент на 27 март 2019 година. Согласно член 13 од овој закон, дури и најмалите платформи на Интернет би морале да ги спречат можните прекршувања на авторските права од страна на нивните кориснички и корисници преку воведување на филтер за подигање на содржини. Освен тоа, согласно член 11 од законот, сите мрежни страници дури и за мали текстуални извадоци би било потребно да добијат дозвола од медиумските издавачи за да може да се дејствува во склад со новововеденото издавачко право. Обете одредби заедно би можеле да наштетат на слободата на говор, уметничката и медиумската слобода. Иако Википедија е изземена од одредбите во член 13 од законот (но не и од член 11), слободното знаење би трпело последици доколку истата остане оаза во пустината на филтрирање на Интернетот.

Оваа страница служи за искажување на солидарност кон штрајкот на корисниците на Википедија на германски јазик, на која својот потпис може да го остави секој оној кој го поддржува овој штрајк.

Повеќе информации

Потписи уреди

  1. --Kiril Simeonovski (разговор) 09:28, 21 март 2019 (CET)[одговори]
  2. --Тиверополник 09:56, 21 март 2019 (CET)
  3. --Иван Живковиќ (Иван Ж (разговор) 10:03, 21 март 2019 (CET))[одговори]
  4. --Ehrlich91 (разговор) 18:06, 21 март 2019 (CET)[одговори]
  5. --Идеологист (разговор) 19:39, 21 март 2019 (CET)[одговори]
  6. --П. Неделковски 20:25, 21 март 2019 (CET)
  7. --Uvtarex (разговор) 21:43, 21 март 2019 (CET)[одговори]