Википедија:Односи со јавноста/Соопштение за јавност од 13.02.2008

Почитувани,

Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 15.000 статии. Википедија претставува единствена енциклопедија на македонски јазик достапна на интернет за корисниците ширум светот.

Википедија на македонски јазик има околу 2900 регистрирани корисници и десет администратори, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Википедија има развиено и тематски портали од различни области, како што се порталите за: Класична музика, Математика, Уметност, Географија, Европа, Историја, Технологија, и Археологија, како и повеќе портали во фаза на конструкција, преку кои корисниците можат побрзо да стигнат до бараната информација.

Со оглед на тоа што во Македонија сè уште не постои општа енциклопедија на Македонски јазик издадена во било која форма, значењето на овој проект е огромно со оглед на фактот дека на новите генерации им е потребен и овозможен пристап до глобалното знаење на мајчин јазик.

Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија достапна на повеќе од 250 јазици. Верзија на англиски јазик брои повеќе од два милиона статии, додека постојат петнаесетина други јазични изданија со над 100.000 статии од сите сфери на животот. Изданието на Википедија на македонски јазик го зазема своето место на листата јазични изданија силно промовирајќи го македонскиот јазик на светската мапа на јазици.

Ги повикуваме сите љубители на знаењето корисниците на интернет да го посетат нашиот веб сајт http://mk.wikipedia.org каде што ќе можат да ги прошират своите знаења а можеби и ќе помогнат во креирањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е потребна никаква регистрација.

Со почит,

Тимот на Википедија на македонски јазик

brest (admin)