Википедија:Одземање на администраторски статус/Guitardemon666
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за отстранување на администраторски статус кое е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Содржина
Guitardemon666 уреди
Искажете го вашето мислење (разговор) (6/0/1); Закажано да заврши во 17:49, 7 февруари 2017 (CET)
Guitardemon666 (разговор • придонеси) — Дискусија за ова беше отворена на селската чешма.--Retrohead (разговор) 16:49, 31 јануари 2017 (CET)Одговори[одговори]
Образложение уреди
Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите.--Retrohead (разговор) 16:51, 31 јануари 2017 (CET)Одговори[одговори]
Основни податоци уреди
- Врски за Guitardemon666: Guitardemon666 (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите коментари. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија уреди
Почитувани википедијанци, сегашни и поранешни, почитуван Guitardemon666... Најпрвин морам да напишам дека за предлогот некако се двоумам како би гласал.
- Доколку би гласал „ЗА“, најверојатно би било поради чистење на статистичкиот список на администраторите, односно да се знае кој „заслужува“ во моментот да биде администратор. Често во соопштенијата до друштвените мрежи од нашата заедница се наведува податокот дека на википедија на македонски јазик имало незнам колку статии, колку често ја посетувале на ден... и колку администратори има во моментот. На крајот ова би излегло слично како еден од стиховите на Гане Тодоровски: „Колку сме толку сме токму сме!“
- Доколку би гласал „ПРОТИВ“, тоа би било поради тоа што не гледам што ќе добие заедницата а што ќе изгуби, доколку администраторскиот статус на Guitardemon666 се премести од неактивен во поранешен. Сите знаеме (можеби поновите членови помалку) каков бил неговиот придонес во минатото, и лично сметам дека доколку некогаш пронајде можеби малку време за свој придонес повторно на википедија на македонски јазик, нормално дека тој ќе биде добре дојден, но се прашувам зошто да му ги одземеме привелегираните администраторски алатки?
Затоа, мојот глас ќе го дадам откако ќе ги видам вашите размислувања, доколку ги имате--Тиверополник
- Тиверополник, го почитувам твоето мислење, но корисникот Guitardemon666 има јасно нагласено на неговиот профил дека нема намера да се враќа на Википедија, ниту пак одговори на поканата за учество во дискусијата на селска чешма, за разлика од другите двајца админи кои се номинирани и дадоа свое мислење. Така што мислам дека овде ситуацијата е појасна.--Retrohead (разговор) 14:44, 3 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
- Во ред, не сум го забележал тоа, затоа за овој корисник ќе гласам веднаш.
За уреди
--Retrohead (разговор) 16:51, 31 јануари 2017 (CET)Одговори[одговори]
--Со сета должна почит кон гореспоменатиот член, кој јас не сум го запознал, бидејќи започнав со уредување после 2010 година, кога повеќето од овие предложени администратори, меѓу кои и Guitardemon666 веќе беа повлечени, но моето мислење отсекогаш било дека неактивните администратори едноставно не треба да бидат повеќе администратори. Под статус на администратор не треба да се поистоветува на статусен симбол, на нешто врвно, туку на поголема одговорност, која си бара време. Имено, Википедија на македонски јазик и со 17 администратори има илјадници непроверени статии, а дури и самите скорешни промени одвај кој и да ги забележува, освен неколкумина администратори кои навистина си ја вршат својата функција. Никој не е спречен во вршење на уредувањето, па така навистина не гледам проблем во одземање на статусите. Воедно, доколку било кој од овие администратори, најде време и почне повторно активно да уредува, со поднесување на барање мислам дека ќе биде само процедурално за да му се вратат овие права. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:31, 1 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
--Виолетова (разговор) 20:03, 1 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
Wikimk (разговор) 22:38, 2 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
--Тиверополник (разговор) 22:55, 3 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
Доколку се активира пак, може да се предложи повторно. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:33, 4 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]
#Одговори[одговори]
--Инокентиј (разговор) 16:52, 7 февруари 2017 (CET)
- Гласот е неважечки поради тоа што е даден по завршувањето на периодот за гласање.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:03, 8 февруари 2017 (CET)Одговори[одговори]