Википедија:Конвенции за именување (странски имиња и изрази)

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.

При именувањето на статиите треба да се настојува да се користи македонскиот јазик и кириличното писмо - преку превод на странскиот термин или пак негова соодветна транскрипција. Сепак тоа не е секогаш пожелно и можно. Оваа страница е посветена за разјаснување на прифатените конвенции за именување на некои странски имиња и изрази кои се користат на Википедија на македонски јазик.

Превод

уреди

Насловите на книги, филмови, телевизиски серии, театарски и оперски претстави, уметнички дела и перформанси итн. се преведуваат на македонски јазик. Притоа, се зема во предвид оној превод на насловот на делото обезбеден од авторитети од областа - преводите на издавачите на книги, филмските дистрибутери, или пак како делото веќе е преведено во досегашната литература на македонски јазик.

Транскрипција

уреди

Оригинал

уреди

Насловите на странски песни и бендови остануваат во оригинал на латинично писмо. Истиот случај е и со имињата на видео-игрите, како и имињата на познати странски компании и брендови.

Поврзано

уреди