Иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе. Во средината се царските двери, а лево и десно се ѓаконовите порти.
Иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе. Во средината се царските двери, а лево и десно се ѓаконовите порти.

Иконостас (или темплон) — ѕид со икони и верски слики во православието, кој го одвојува олтарот од останатиот дел на црквата. Иконостасот се развил од византискиот темплон, процес кој е довршен во XV век. Зборот доаѓа од грчкиот εἰκονοστάσι(-ον), кој сè уште е во секојдневна употреба во Грција, што значи „место за икони“.

Наосот е главниот дел на црквата каде што стои поголемиот број на верниците. Иконостасот не е поставен на работ на олтарскиот простор, туку е повлечен неколку метра зад работ на највисокото скалило. Така е обезбедена патека за свештенството која се нарекува солеја. Во самата средина има проширување, често кружно, наречено амвон, на кое стои ѓаконот додека ги чита литаниите за време на службата.

Иконостасот, иако често висок, ретко го допира таванот. Со тоа, од акустични причини се овозможува верниците јасно да ги чујат екфонезите (литургиски извици) на свештенството. Во помалите модерни цркви иконостасот може потполно да недостасува, па во такви случаи го заменуваат неколку мали икони на лектерни кои чинат виртуелен разделник.

Иконостасот обично има три отвори (порти): царски двери, прекрасна порта или света порта во средината, и две од страните (северна и јужна порта). Портите се затворени кога нема служба. Кога портите треба да се отворат се разликува во зависност од јурисдикцијата и локалните обичаи. Во некои места тие се скоро секогаш отворени, а се затвораат само во одредени прилики, додека на други места тие се секогаш затворени, а се отвораат само во одредени прилики. (Дознајте повеќе...)