Роберт Левандовски во 2014 г.
Роберт Левандовски во 2014 г.

Роберт Левандовски (роден во 1988) — полски фудбалер, напаѓач на Бајерн Минхен и капитен на полската репрезентација.

Ја започнал својата кариера во Варшовија, каде како тинејџер играл фудбал цели седум години.Потоа, тој се преселил во Делта Варшава, каде што конечно успеал да заигра за првата екипа, постигнувајќи четири гола. Следната сезона (2005-2006) тој ја поминал во еден од најпознатите полски клубови Легија Варшава, меѓутоа играл за нивниот втора екипа во третата лига и постигнал два гола..

Во јуни 2010 g, Левандовски потпишал четиригодишен договор со германскиот клуб од Бундеслигата, Борусија Дортмунд, за пријавенa трансфер-сума од околу 4,5 милиони . На 19 септември, тој го постигнал својот прв гол во Бундеслигата во Рурското дерби против Шалке 04, правејќи го резултатот 3-0 за Борусија; натпреварот завршил со резултат 3-1. Во првиот дел од сезоната Левандовски главно бил замена за главниот напаѓач на Борусија, Лукас Бариос, но со одличната форма Левандовски успеал да се наметне и во вториот дел од сезоната често да биде претпочитан пред парагваецот. Својата прва сезона во Дортмунд ја завршил со 33 првенствени настапи и 8 гола.

Во ноември 2013 година, Левандовски потврдил дека ќе потпише преддоговор договор со соперниците на Борусија Дортмунд, Бајерн Минхен што и официјално се случило на 3 јануари 2014 година; договорот бил склучен на пет години, а тој требало да се приклучи на екипата на почетокот на сезоната 2014-2015. Левандовски бил официјално претставен како играч на Бајерн Минхен на 9 јули 2014 година. (Дознајте повеќе...)