Отвори го главното мени
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ЗАШТИТА
Најважното од оваа страница: Уредувањето или преместувањето на некоја страница може да биде ограничено и/или забрането од страна на администраторите. Бидејќи Википедија е изградена врз принципот кој вели дека секој може да уредува, ова се прави само во определени ситуации.

Администраторите можат да заштитат страница за го заштитат уредувањето или преместувањето на таа статија и исто така да го отстранат заштитувањето. Тоа заштитување може да биде за секогаш или на одредено време. Повеќе за тоа кога и како се заштитуваат содржини ќе најдете во начелата за заштитување.

  • Целосна заштита оневозможува уредување од страна на сите корисници освен администратори;
  • Делумна заштита оневозможува уредување од страна на кориснички сметки кои не се автопотврдени;
  • Заштита за создавање спречува да се создаде избришана статија;
  • Заштита за преместување спречува преместување (преименување) на статии.

Целосна заштитаУреди

Целосно заштитена страница може да биде уредувана само од администратори. Заштитата може да биде со ограничено времетраење, како на пример 7 или 14 дена, или може да биде бесконечна. Кутијата за уредување за целосно заштитена страница е засенета.

Секоја модификација на целосно заштитена страница треба да биде дискутирана на нејзината страна за разговор. Кога се постигнува цензус за одредената измена, секој администратор може да ја измени дискутираната содржина.

Оспорување на содржинаУреди

Страниците кои подлегнале на уредувачко војување, привремено целосно заштитување може да ги натера корисниците да разговараат за уредувањата на страницата за разговор, каде можат да постигнат консензус.

Кога се заштитува статија поради спорови околу содржината, администраторите нормално ја заштитуваат моменталната верзија на статијата, освен ако содржината содржи текст каде се прекршуваат принципите на Википедија. Администраторите исто така можат да ја вратат статијата и не смеат да заштитуваат или отстрануваат заштита за да ги подржат своите тези.

ВандализамУреди

Постојано вандализирање вообичаено не се причина за целосно заштитување на статија. За вакви случаеви се користи делумната заштита на статијата која е вандализирана.

Делумна заштитаУреди

Делумна заштита на статија спречува уредување на анонимни корисници и кориснички сметки што не се автопотврдени.

Администраторите можат да искористат делумна заштита на страница која подлегнала на големо вандализирање или кршење на принципите на Википедија.

Додатно на тоа, администраторот може да вметне привремено делумно заштитување на страници кои се:

  • предмет на значаен но привремен вандализам,
  • предмет на уредувачко војување каде сите вклучени страни се анонимни или од нови корисници. Ова не важи за автопотврдени корисници.
  • страни за разговор кои подлегнале на постојано нарушување.
  • Страници за разговор на блокирани IP адреси кои биле подлегнати на постојано несоодветно уредување, вклучувајќи постојано нецивилно навредување или навредливи забелешки. Заштитата треба да биде лимитирана за да не го надмине времето на блокот.

Делумната заштита не смее да биде користена како мерка против вандализам кој сè уште не се случил или да се искористи против анонимни или нови корисници.

Кориснички странициУреди

Корисничките страници и потстраниците можат да бидат делумно заштитени, но не целосно заштитена, по барање на корисникот ако има доволно докази за вандализам или нарушување на содржината. Корисничките страници не вообичаено не се заштитени, освен во случај на постојано вандализирање.

Заштита од создавањеУреди

Страници што не постојат можат да бидат заштитени, за одреден период, ако тие постојано се создавани после бришењето според критериумите за брзо бришење. Администраторите можат да употребат заштита на непостоечка статија со истата постапка како и за другите страници. Таква ситуација е многу чувствителна.

Администраторите не смеат да ја користат оваа заштита за статии што воопшто не биле создадени, туку да биде користена само за вистински случаеви. Корисниците кои сакаат да создадат ваква статија мора да се консултираат со администраторите.

Заштита за преместувањеУреди

Статија заштитена од преместување не може да биде преместена под нов наслов освен од страна на администратор. Оваа заштита се користи во случај:

  • статијата да е под влијание на постојано вандализирано преместување;
  • името на статијата да е оспорено;
  • да станува збор за често видливи страници за кои нема потреба од преместување (на пример: Главна страница, Помош:Содржина и др.).

Целосно заштитените статии се исто така и заштитени од преместување. Ако заштитена страна е преместена од страна на администратор, тогаш статијата со нов наслов ќе биде исто така заштитена од преместување. Во ваков случај, администраторите треба да избегнуваат фаворити за името.

ПоврзаноУреди