Википедија:Барања за администраторски статус/Blagojcedisoski
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за администраторски статус кое не е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Содржина
Blagojcedisoski уреди
Искажете го вашето мислење (разговор) (5/8/0); Закажано да заврши во 15:39, 25 јануари 2014 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука: Ја прифаќам номинацијата.
Прашања за кандидатот уреди
Драг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О: Во бришењето на статии што се ставени на список за бришење и прегледувањето на новите статии.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: Моите придонеси на Википедија се на различни теми, но најчесто се од областа на медицината, затоа што учам медицина и имам доста теми кои ги нема на Википедија
- 3. Колку често ги отворате скорешните промени?
- О: Ги отворам неколку пати во денот за да видам дали промените се во ред и дали треба да бидаат прифатени.
- 4. Дали сте присуствувале на некоја Вики средба досега? Ако не, зошто?
- О: Немам присуствувано на ниедна Вики средба.
- 5. Дали лично познавате некој од другите корисници на Википедија?
- О: Да, познавам повеќе корисници на Википедија.
- 6. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О: Не сум бил.
Општи коментари уреди
- Врски за Blagojcedisoski: Blagojcedisoski (разговор • придонеси • бројач • дневници)
Ве молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија уреди
За уреди
- --Saradoleska (разговор) 23:27, 18 јануари 2014 (CEST) Корисникот досега одлично се покажа, не се сомневам дека така и понатаму ќе продолжи, целосно ја имаш мојата поддршка и мислам дека навистина заслужуваш да бидеш еден од администраторите на Википедија.[одговори]
- --Blagojceivanoski (разговор) 23:49, 18 јануари 2014 (CET)Благојче е прдводник на мојата група на вики секцијата дава се од себе за да ни помогни редовен е на секој состанок и јас мислам дека вака ќе продолжи и понатаму и треба да биди еден од администраторите на википедија.[одговори]
- --AntonioStojovski1998 (разговор) 14:13 Јануари 2014 (CEST) Корисникот досега ги задоволува сите критериуми, има одлична комуникација, одлична проценка и секако врши одлична функција во тимот на Википедија. Присутен е на секоја средба на тимот на Википедија, и секако мислам дека треба да биде еден од администраторите на Википедија.
- --Eleninviki (разговор) 14:36 19 Јануари 2014 (CEST) Корисникот досега ги задоволува сите критериуми, има одлична комуникација, одлична проценка и секако врши одлична функција во тимот на Википедија. Присутен е на секоја средба на тимот на Википедија, и секако мислам дека треба да биде еден од администраторите на Википедија.
- --Darko Grmaskoski (разговор) 14:55, 20 јануари 2014 (CET)Корисникот според мене ги задоволува сите критериуми и стандарди.[одговори]
Против уреди
- Сметам дека корисникот има уште многу пред себе да научи за функционирањето на Википедија за да стекне ваков статус. Имено, корисникот според мене има малку статии за корисник, кој сака да го стекне овој чекор, а воедно и неговите придонеси во статиите не се кој знае какви, односно не ги задоволуваат сите стандарди на Википедија. Воедно, и неговите одговори на оваа страница, а и досегашното работење не ми оставиле некој посебен впечаток за да мојот глас припадне и да гласам за доделување на ваков статус. --Ehrlich91 (разговор) 14:30, 19 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Сметам дека на корисникот му треба малце повеќе искуство. --M4r51n (разговор) 15:32, 19 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Мое мислење е дека корисникот сè уште нема стекнато доволно искуство во уредувањето и допрва треба да покаже дека заслужува да стане администратор преку извршување на задачи поврзани со одржувањето на проектот (пр. употреба на шаблоните за брзо бришење, внимание, викификација и сл.; одржување на избраната содржина на главната страница; поголема вклученст во работата на заедницата и др.). Освен тоа, корисникот не располага ниту со оценувачки права и на тој начин немал можност да покаже активност во одобрувањето или враќањето на уредувањата на другите корисници. Жал ми е, но администраторскиот статус не е награда за корисник кој подолго време уредва статии или врши координација на други корисници, туку нешто коешто му овозможува на корисникот да се стекне со алатки кои би му помогнале во одржувањето на проектот. Во врска со координацијата на образовни проекти, постојат други категории на корисници, како што се: координатор на курсеви, мрежен доброволец на курсеви, универзитетски доброволец на курсеви и наставник на курсеви.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:15, 19 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Истото што го кажува Кирил. --Б. Јанкулоски (разговор) 17:42, 20 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Кирил ми го зема зборот :-) --koyaanisqatsi (разговор) 08:16, 21 јануари 2014 (CET)[одговори]
- --Еден Македонец (разговор) 22:01, 21 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Жалам, но верувај повеќе станува збор за обврски отколку привилегии, а рано ти е :) --Макс(разговор) 22:15, 21 јануари 2014 (CET)[одговори]
- Засега не.--Вик Ретлхед (разговор) 21:46, 22 јануари 2014 (CET)[одговори]
Воздржани уреди
- Горната дискусија за доделување на администраторски статус е зачувана како архива на дискусијата. Ве молиме не ја уредувајте. Дополнителните коментари би требало да се додаваат на соодветната страница за разговор (како страницата за разговор на оваа номинација или номинираниот корисник). Не треба да се прават никакви дополнителни уредувања на оваа страница.