Веј Каи
Веј Каи, или оригинално Веј Цаи, (кинески:蔡巍, англиски: Wei Cai) е кинеско-американски професор по машинско инженерство на Стенфордовиот универзитет.
Животен пат
уредиКаи во 1995 година дипломира на отсекот за оптоелектроника при Универзитетот за наука и технологија „Хуаѓонг“ во провинцијата Хубеи, НР Кина. Своето образование го продолжува во САД, каде во 2001 година докторира во областа на јадреното инженерство при Институтот за технологија на Масачусетс во Кембриџ, Масачусетс, САД. Работи кратко време како пост-докторски научен соработник во националната лабораторија „Лоренс Ливермор.“ [1] Од јули 2004 година, Каи постанува доцент во одделот за машинско инженерство при Стенфордовиот универзитет, а од септември 2011 година е избран во звањето вонреден професор. [2] Каи раководи со Лабораторијата за микро- и наномеханика. [3]
Професионални организации
уредиВеј Каи е член на неколку професионални друштва во неговата струка: [2]
- Американското јадрено друштво
- Американското друштво на физичари
- Друштвото за истражување на материјалите
- Алфа Ни почесното здружение на Американското јадрено друштво
- Сигма Кси почесното здружение за научно истражување
Награди и признанија
уредиКаи е добитник на бројни признанија за неговата научно-истражувачка дејност. Меѓу најбитните се вбројуваат:
- Претседателската награда за научници и инженери на почетокот од своите кариери (2004) [1]
- Наградата за млади истражувачи „Хјуз“ на Американското друштво на машински инженери (2013) [1]
Авторска дејност
уредиПрофесорот Каи има објавено бројни научни трудови, поглавја, прегледи и коментари во научни списанија со висок импакт фактор. [4] Меѓу другото, тој е и автор односно уредник на две книги: „Компјутерски симулации на дислокации“ (2006) [5] и „Несовршености во кристални цврсти тела“ (2016). [6]
Библиографија
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „News & Events - School of Materials Science and Engineering Zhejiang University“. mse.zju.edu.cn. Посетено на 2019-07-19.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 „Curriculum Vitae – Wei Cai“. web.stanford.edu. Посетено на 2019-07-19.
- ↑ „Micro and Nano Mechanics Group |“. micronano.stanford.edu. Посетено на 2019-07-19.
- ↑ „Wei Cai (蔡巍) - Google Scholar Citations“. scholar.google.com. Посетено на 2019-07-19.
- ↑ „Computer Simulations of Dislocations“. micro.stanford.edu. Архивирано од изворникот на 2019-12-08. Посетено на 2019-07-19.
- ↑ Nix, William D.; Cai, Wei (2016/09). „Imperfections in Crystalline Solids by Wei Cai“. Cambridge Core (англиски). Посетено на 2019-07-19. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)