Венера во крзно (филм од 2013)
„Венера во крзно“ (француски: La Vénus à la fourrure) – филм на режисерот Роман Полански од 2013 година, снимен по сценариото на Дејвид Ив (David Ives) и Полански, засновано врз истоимената драма на Ив. Главните улоги ги играат: Емануел Сење (Emmanuelle Seigner) и Матје Алмарик (Mathieu Amalric). Во 2013 година, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златната палма“, а следната година Полански ја освоил наградата „Цезар“ за најдобар режисер.[1]
Синопсис
уредиОткако по целодневната аудиција, останува сам во еден париски театар, Тома се јавува на телефон и некому му се жали дека не може да најде главна глумица за претставата која сака да ја режира, зашто ниедна од кандидатките не е доволно добра. Штотуку се подготвува да си оди дома, во театарот се појавува Ванда, бесрамна и дрска, но многу одлучна жена. Таа е олицетворение на сето она што го мрази Тома: таа е примитивна, глупава и не бира средства за да ја добие улогата. Бидејќи нема избор, Тома решава да ѝ ја додели улогата, а потоа е воодушевен од нејзината преобразба...