Вардар Чифлик
Вардар Чифлик — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Црвени Брегови, Општина Неготино.
Вардар Чифлик | |
Координати 41°33′17″N 22°06′04″E / 41.55472° СГШ; 22.10111° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 139 м |
Вардар Чифлик на општинската карта Атарот на Вардар Чифлик во рамките на општината | |
Вардар Чифлик на Ризницата |
Географија
уредиСелото било сместено на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Криволак.
Историја
уредиВо XIX век Вардар Чифлик ѝ припаѓал на Штипска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[2][3]
Населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Во статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Вардар чифлик (Vardar-Tchiflik) имал 48 жители, Македонци.[2][4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означил Вардар чифлик (Vardar čiflik) како македонско село.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Вардар Чифлик“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 136-137.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.