Ванчо Вељанов Јуруковски

Ванчо Вељанов Јуруковски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во борбите за ослободувањето на Македонија.

Животопис уреди

Ванчо Вељанов Јуруковски е роден на 12 април 1868 година.[1]

Во револуционерната организација се вклучил во 1898 година. Тој бил курир и одел од едно во друго село. Тој исто така учествувал и во борбите со османските сили кај Крушево, Прибилци, Ново Село. А бил дел од четите на војводите Јордан Пиперката и Димитрија Мартинов. Курирската должност ја извршувал сè до 1912 година.[1]

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.