Ванчо Апостолски (22 декември 1925 во Штип8 септември 2008 во Скопје)[1][2] бил македонски политичар, општественик и претседател на претседателството на СР Македонија.[3]

Учесник во НОБ. Главен и одговорен уредник на штипскиот обласен весник „Народен глас“. Во 1949 година тој е претседател на Здружението на Новинари.[4] Соработник, уредник и од 1973 до 1982, тој ја извршува функцијата генерален директор на НИП Нова Македонија. Директор на Уредот за информации на Македонија, пратеник и потпретседател на Собранието на Република Македонија, член на Претседателството на ЦК СКМ. Од 1982 до 1986 година, тој е член на Претседателството на СРМ, во еден мандат и негов претседател.[3]

Бил дел од делегацијата во Рим, по повод откривањето на спомен плочата во чест на Свети Кирил.[5]

Објавил повеќе трудови посветени на македонското национално прашање и на односите со соседите, меѓу кои и „На великобугарски нациналистички позиции“.[3][6]

Награди

уреди

Добитник е на наградата за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.

Наводи

уреди
  1. „Utrinski Vesnik“. www.utrinski.com.mk.
  2. „АПОСТОЛСКИ, Ванчо“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. 3,0 3,1 3,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 26. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. „Историјат“. Здружение на новинари на Македонија.
  5. „Откривање на спомен-плочата на свети Кирил Солунски во Рим (17)“. Македонска нација. Посетено на 2021-01-19. На |first= му недостасува |last= (help)
  6. Апостолски, Ванчо (1981). Современите аспекти на великобугарскиот национализам: повод мемоарите на Цола Драгојчева. Мисла.

Надворешни врски

уреди