Бјала (Русенска област)
Бјала
Население | 10 963 (според 2006) |
---|---|
Површина | ? 2 |
Регистарска ознака | P (BG) |
Административна поделба | Русенска област |
Градоначалник | Jури Симеонов |
Надморска висина | 54 m |
Веб страна | byala.rousse-bg.info |
Координати: | 43° 27′ С, 25° 44′ И |
Бјала (бугарски: Бяла) е град во Северна Бугарија. Се наоѓа во Русенска област и е административен центар на истоимената општина. Сместен е во централниот дел на Дунавската рамнина, на бреговите на реката Jaнтра. Има автопатишта кон Русе (на 54 км), Плевен, Свиштов, Велико Трново, Попово и железничка станица.
Градот се споменува во турски регистар од 1618 г. Во 1831–37 г. е зафатен од епидемиja на чума. Името Бјала го добил поради белите околни карпи. Во 1871 г. унгарскиот историчар и етнограф Феликс Каниц го опишува градот како средиште на мноштво дуќани — бојаџии, ткајаџии, абаџии, мутафчии, кожувари, и др., со чаршија. За време на Руско-турската ослободителна воjна од 29 jули до 13 август Бјала е главниот штаб на рускиот император Александар II.
Во Бјала има театар, читалиште "Трудољубие" и музеj "Ослободителна воjна" (веќе 100 години).
![]() |
Оваа статија за од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |