Буника

вид растение од фамилијата зрнци
Буника
Буника
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрнцовидни
Семејство: Зрнци
Род: Буника
Вид: Црна буника
Научен назив
Hyoscyamus niger
L.

Буника или црна буника (науч. Hyoscyamus niger) — токсично растение од семејство на зрнците (Solanaceae) со потекло од Евроазија,[1] а денес распространето низ целиот свет.

Во минатото се користела заедно со други растенија како мандрагората, лудото билје и татулата as an анестетик, но и во „волшебни напитоци“ поради психоактивните особини.[1][2][3] Дејството се одликува со халуцинирање и чувство на летање.[4] Билката традиционално се користела ширум Европа, Азија и арапскиот свет.[5] Римскиот природонаучник Плиниј Постариот говори за употребата на буниката во Стара Грција, каде се нарекувала „Аполонова билка“. Растението го земале свештеничките на Аполон за да дојдат до пророштва.[1]

Изглед и својства уреди

Стеблото е исправено високо и до 1 метар. Листовите се широки и неправилно назабени. Цветовите се крупни , темножолти по боја, со розова нерватура. Плодот е кожурец во кој се наоѓа поголем број на семки. Семето по форма е неправилно овално, со димензии 1,6x1,4мм , по површината мрежесто.

Се размножува со семе. Се шири антропохорно. Никнува доцна напролет, цвета крај на јуни почеток на јули месец. Целото растение е отровно исто како и Atropa belladona. Содржи голем број на алкалоиди, можу кои најпознати се : хиосциамин, атропин, скополамин, и атросцин. Семето содржи вкупно 0,5 - 1% од алкалоидите, а од тоа хиосциаминот во семето се движи 0,05- 0,3 %. Целото растеније има непријатен мирис. Некаде се одгледува како лековито растение, при што се користат семето и надземните делови. Во афионот е каратински плевел. Имено во работната мостра на семенскиот материјал не смее да се најде ниту едно семе од буника. Буниката е рудерален плевел, бара почви богати со органска материја, расте по жубришта, а поретко и во окопни култури како пченка сончоглед. Во житни култури, доколку е присутен се остранува со хербициди врз основа на 2,4-D , MCPA.

Листовите и семето содржат хиосциамин, скополамин и други тропански алкалоиди.[1] Кај луѓето предизвикува халуцинации,[1] проширени зеници, раздразнетост и вцрвенување на кожата. Поретко забележани дејства се тахикардија, напади на грчење, повраќање, хипертензија, хиперпирексија и атаксија.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Roberts 1998, стр. 31
  2. Anthony John Carter MB FFARCS (2003). „Myths and mandrakes“ (PDF). Journal of the Royal Society of Medicine. 96 (3): 144–147. doi:10.1258/jrsm.96.3.144. PMC 539425. PMID 12612119.
  3. A. J. Carter (1996-12-21). „Narcosis and nightshade“. British Medical Journal. 313 (7072): 1630–1632. doi:10.1136/bmj.313.7072.1630. PMC 2359130. PMID 8991015.
  4. Schultes & Smith 1976, стр. 22
  5. Joseph Perez, Janet Lloyd, The Spanish Inquisition, Yale University Press, 2006, ISBN 0-300-11982-8, ISBN 978-0-300-11982-4, стр. 229 footnote 10]

Надворешни врски уреди