Буковинскиот овчар (романски: Ciobănesc românesc de Bucovina) е раса на кучиња кои потекнуваат од областа Буковина во северна Романија[1]. Тоа е многу силно и масивно куче и со векови е омилена сорта од страна на романските овчари на Карпатите. На почетокот е кучето е користено за да ги штити стадата со домашни животни грабливци. Денес буковинкиот овчар станува се попопуларен помеѓу луѓето што живеат во градовите и кои ги користат како чувари или едноставно како миленичиња, за што придонесува нивниот добар карактер и разбирање со децата. Оваа раса е една од трите романски овчарски кучиња, заедно со миоритот (Барак) и Карпатскиот овчар (Завод).

Буковински овчар
Буковински овчар
Други називи Буковински овчарски пес
Чапау
Потекло  Романија
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Наводи уреди

  1. „Provisional Basis Recognition“ (PDF). признавање на расата од Меѓународниот кинолошки сојуз. Меѓународен кинолошки сојуз. 2005-07-13. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-17. Посетено на 2007-06-23.

Надворешни врски уреди