Бубрежна карлица
Бубрежна карлица е коничен, проширен и плоскат дел од мочните патишта на бубрегот. На латералниот дел, којшто претставува и широка база на карлицата, се отвораат големите бубрежни чашки. Од врвот на бубрежната карлица, кој е насочен медијално и надолу, тргнува уретерот.
Бубрежна карлица | |
---|---|
| |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | pelvis renalis |
MeSH | A05.810.453.537 |
TA | A08.1.05.001 |
FMA | FMA:15575 |
Со помош на hilus renalis бубрежната карлица е поделена на два дела: латерален или интраренален дел, значително покус и локализиран во бубрежниот синус и медијален или екстраренален дел, слободен и локализиран надвор од бубрегот.