„Бубашинтер“ — југословенски филм од 1971 година во режија на Милан Јелиќ. Главните улоги ги играат: Драган Радуловиќ, Гизела Вуковиќ, Данило Бата Стојковиќ и Радмила Савиќевиќ.[1]

Синопсис

уреди

Еден пекар му ја задава првата задача на својот 15-годишен син — да ги уништи бубачките во магацинот, а со намера така да го пренесе од светот на фантазерите во светот на трудбениците. Причината за неуспехот на синот во работата таткото ја гледа во неговиот несреден сексуален живот, па затоа го носи во еден мотел. Меѓутоа, и тој обид на таткото останува без успех, па тој се откажува од превоспитувањето на синот. Меѓутоа, момчето ќе го воведе во светот на сексот неговата тетка...

Наводи

уреди