Брусник (Битолско)

село во Битолско
(Пренасочено од Брусник (Општина Битола))

Брусник — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Брусник
Брусник is located in Македонија
Брусник
Местоположба на Брусник во Македонија
Координати 41°1′23″N 21°17′7″E / 41.02306° N; 21.28528° E / 41.02306; 21.28528Координати: 41°1′23″N 21°17′7″E / 41.02306° N; 21.28528° E / 41.02306; 21.28528
Општина Битола
Население 241 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 774 м
Брусник на општинската карта
Брусник во Општина Битола.svg

Атарот на Брусник во рамките на општината
Commons-logo.svg Брусник на Ризницата

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во пазувите на планината Баба, западно од Битола.

ИсториjaУреди

 
Жители од Брусник во почетокот на XX век
 
Панорама на селото Брусник. 1923

Според народната традиција најпрво биле формирани соседните села Лавци и Дихово, а на земјиштето кое лежело меѓу нив претците на родовите Каранѓеловци и Палашовци го формирале денешното село Брусник.[1] Најпознати и најголеми семејства од историски аспект кои постојат и до денес во Битола се Кокаловци, Каранѓеловци, Идризовци, Маљаковци, Палашовци, Чавдаровци, Скерлевци. Најстариот пишан помен за Брусник потекнува од првата половина на XVII век.[1] Северно од селото во средината на XIX век постоел мал чифлик на некој силен бег, кој бил убиен, а чифлишката земја станала селска.[1] За време на Првата светска војна Брусник бил запален.[1]

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Брусник живееле 755 жители, сие Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брусник имало 964 Македонци, од кои 488 патријаршисти и 455 под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото функционираат бугарско и грчко училиште.[3]

Според пописот од 2002 селото брои 241 жител, од кои 240 Македонци и 1 останат.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 755[2] 964[3] 964 959 898 783 790 387 320 241

Од Брусник се иселува значителен број на населението, поради што Брусник од големо преминало во мало село. Најголем број од жителите на Брусник иселени се во Битола, Скопје, а голем број и во Австралија, Канада, САД и Европа.

РодовиУреди

Брусник е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Брусник:

  • Доселеници: Каранѓеловци (7 к.) и Пашаловци (6 к.) најстари родови во селото, доселени се како мечкари однекаде, овде живеат од ХVIII век; Кукановци (15 к.), Корубовци (4 к.), Ѓошевци (14 к.), Шутаровци (9 к.), Ивановци (8 к.), Ѓорчевци (6 к.), Гроздановци (6 к.), Поповци (5 к.), Босилковци (5 к.), Торбовци (5 к.), Трапановци (5 к.), Скерлевци (2 к.), Станковци (13 к.), Петковци (9 к.), Чавдаровци (6 к.), Малаковци (6 к.), Тасевци (4 к.), Шеќеровци (4 к.), Момичаровци (2 к.), Метловци (2 к.), Жабовци (15 к.), Атанасковци (3 к.) и Коџоклари (4 к.) доселени се сите однекаде. Сите родови се доселени до крајот на XIX век.[1]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 127 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 201 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[8]
Археолошки наоѓалишта[9]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 222–223.
  2. 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. 10,0 10,1 Илюстрация Илинден, 1943, бр.144, стр.8
  11. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 117.
  12. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.71
  13. Съюз на борците от НОАВМ-Битоля
  14. Ognenovski 2000.
  15. Ognenovski 2019b.
  16. Ognenovski 2019a.
  17. Music Industry News Network 2019.
  18. Официјална страница на Тале Огненовски

Надворешни врскиУреди