Брукелен
Брукелен (холандски изговор: [ˈbrøːkələ(n)] ( слушни)) е град и поранешна општина во Холандија, во покраината Утрехт. Сместен е на северозапад од градот Утрехт, покрај реката Вехт и близу езерата на Лосдрехт Пласен, област со природен и туристички интерес. Припаѓа на областа наречена Вехтстрик.
Брукелен | |||
---|---|---|---|
Град и поранешна општина | |||
Мост преку Вехт | |||
| |||
![]() | |||
Земја | Холандија | ||
Покраина | Утрехт | ||
Општина | Стихтсе Вехт | ||
Површина(2006) | |||
• Вкупна | 48,65 км2 (1,878 ми2) | ||
• Земјишна | 44,48 км2 (1,717 ми2) | ||
• Вода | 4,17 км2 (161 ми2) | ||
Население (1 January 2007) | |||
• Вкупно | 14.635 | ||
• Густина | 329/км2 (850/ми2) | ||
Source: CBS, Statline. | |||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Мреж. место | www.breukelen.nl |
Историја уреди
Во текот на 17 век, многу богати трговски семејства од Амстердам ги граделе своите дворци покрај реката близу Брукелен.[се бара извор] На 1 јануари, 2011 година, Брукелен бил споен со Лунен и Марсен со што го формирале Стихтсе Вехт. Постои голем хотел Ван дер Валк (хотел Брукелен), чија фасада е во кинески стил. Универзитетот Нинроде се наоѓа во Брукелен. Покрај тоа, општината Бруклин во Њујорк е именувана по Брукелен (види Историја на Бруклин).
Транспорт уреди
- Железничка станица Брукелен
- Автобуски број: 120, 130, 143, 524 and 526
Галерија уреди
-
Дворецот Брукелен/Универзитетот Нинроде
-
Брукелен, подвижен мост преку реката Вехт
-
Ветерницата Брукелен
Поврзано уреди
- Филмскиот глумец Рутгер Хауер, исто така е роден во Брукелен.
Наводи уреди
- Статистичките податоци се земeни од SDU Staatscourant
Надворешни врски уреди
„Брукелен“ на Ризницата ? |