Броме (германски: Brome) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Оре, околу 25 километри североисточно од градот Волфсбург.

Броме
Општинското собрание на Броме
Општинското собрание на Броме
Општинското собрание на Броме
Грб на Броме
Броме во рамките на Германија
Броме
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гифхорн
Општ. заед. Броме
Месни единици 5
Градоначалник Герхард Борхерт (ДХС)
Основни податоци
Површина 36,66 км2
Надм. височина 66 м
Население 3.258 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 89 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GF
Пошт. бр. 38465
Повик. бр. 05833
Портал www.brome.de
Местоположба на Броме во рамките на округот Гифхорн
Карта
Карта
Координати 52°36′0″N 10°57′0″E / 52.60000° СГШ; 10.95000° ИГД / 52.60000; 10.95000

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината Броме се наоѓа непосредно на покраинската граница со Саксонија-Анхалт. Заедно со општините Бергфелд, Ера-Лесин, Парзау, Риен, Тидише и Тилау припаѓа на истоимената општинска заедница. Низ местото тече реката Оре.

Општински единици уреди

Кон општината припаѓаат следниве места:[2]

  • Алтендорф (188 жит.)
  • Бениц (88 жит.)
  • Броме (2.576 жит.)
  • Висведел (90 жит.)
  • Цихери (287 жит.)

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. состојба 30 јуни 2018 г.)

Надворешни врски уреди