Брест

род дрва
(Пренасочено од Брест (дрво))
Брест
Полски брест (Ulmus minor)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Семејство: Брестови
Род: Брест
L.

Брест (науч. Ulmus) — род од семејството брестови (Ulmaceae) кој опфаќа околу 20 вида, застапени во умерениот појас на северната полутопка. Високи дрвја со јајцевидни и асиметрични листови со назабен раб, со косо пресечена основа и со кратка дршка. Цветаат рано пред пролистувањето, а плодовите се сплескани, крилести оревчиња, кои зреат многу рано (април). Имаат квалитетно дрво, но масовно страдаат и се сушат од нападот на габата Ophiostoma ulmi] (холандска болест).

Во Македонија се среќаваат: полскиот брест (U. minor), планинскиот брест (U. montana) и везот (U. effusa).[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Брест“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)