Брахиоцефалична артерија
Брахиоцефалична артерија или брахиоцефалично стебло е артерија која со крв ја снабдува десната рака, вратот и главата. Таа е првата гранка на аортниот лак. Се дели на десна заедничка каротидна артерија и десна потклучна артерија. Не постои брахиоцефалична артерија на левата страна. Левата заедничка каротидна артерија и левата потклучна артерија излегуваат директно од аортниот лак.
Брахиоцефалична артерија | |
---|---|
Податоци | |
Извор | аортен лак |
Разгранови | десна заедничка каротидна артерија десна потклучна артерија |
Назнаки | |
Латински | truncus brachiocephalicus |
MeSH | A07.231.908.130 |
TA | A12.2.04.004 |
FMA | FMA:3932 |