Бранко Сотировски

Бранко Сотировски (Скопје, 15 јуни 1952) — македонски ликовен уметник, дизајнер, иноватор, истражувач, пронаоѓач, писател.

Бранко Сотировски
Роден(а)15 јуни 1952
Скопје, Република Македонија
НационалностМакедонија Македонец
Занимањеликовен уметник, дизајнер, иноватор, истражувач, пронаоѓач, писател.
Значајни делаЗета Македонија
Страница
zetamacedonia.com

Образование и истражувачка дејност уреди

Бранко Сотировски дипломирал во класата на професор Димитар Кондовски, педагог по ликовно воспитување. Сотировски бил учесник во повеќе проекти од областа на ликовната уметност и дизајн на предмети од индустријата, машини и технологија.

Со истражувачка активност од областа на палеолингвистика се занимава од 1988. Ги проучува македонските споменици на културата со старост од 400 000 години до денес пронајдени ширум светот. Дешифрира и толкува текстови објавени во книгата „Зета Македонија“.[1] Поголем дел од неговата истражувачка работа е презентирана на мрежното место на Зета Македонија, каде читателите и сите љубители на македонската цивилизација и култура имаат можност постојано да се информираат за нови, занимливости поврзани со оваа тема, видеа на дел од материјалите од книгата, извадоци и кратки текстови со цел зачувување и негување на најстарото македонско културно наследство.

Бранко Сотировски е голем борец за зачувување на македонското име и идентитет, и успешно ја презентира древната македонска вера откриена низ дешифрирани записи со јазична, писмена и културна традиција до денес на сите пет континенти.

За Зета Македонија уреди

Според Бранко Сотировски, Зет е: „кога младиот татко Сонце од денот XXV декември сè до XXII-март ќе ја оплоди невестата земја Македонка, со поглед ЗЕ=ЅЕ. Според македонската вера зет е секојдневното воскреснување на денот со првиот сончев зрак ИЛ. Персонификација на Зетот Сонце Илија во човечка форма е синот божји Македон. Тој е владетел - крал на територијата, која е подарена од таткото, како еден дел од Големата Мајка Македонија рајот. Според неговата титула зет, татко, господар - Господ на Земјата, неговата територија наречена е Зета Македонија“.

Проектот „Зета Македонија" содржи:

  • Првото дело - дигиталното издание насловено како: „Зета Македонија - транскрипции и толкување на древните македонски натписи” Том I;
  • Првото дело - дигиталното издание, превод од англиски на македонски: „Zeta Macedonia - transcriptions and interpretation of ancient Macedonian inscriptions. Vol.1”;
  • „Зета Македонија“ - поема за создавањето на светот и Македонија, рајот во Вселената и Ѕемјата - печатено издание и носач на звук;
  • Првата печатена публикација: „Зета Македонија, 400.000 години писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес” поддржана од Министерството за култура на Република Македонија;
  • Второ дополнето издание: „Зета Македонија, 400.000 години писменост, македонска цивилизација на пет континенти, традиција до денес”
  • Второто дополнето издание, превод од македонски на англиски јазик: „Zeta Macedonia : 400,000 years of literacy, macedonian civilization on five continents tradition up to the present”
  • Музички композиции на текст од дешифрираните натписи од Бранко Сотировски, компонирани од Сашо Ливрински – Лаврод, отпеани од Серафина Фантаузо и Сузана Спасовска.
  • Молитви - псалми од дешифрирани текстови компонирани од Јане Коџабашија, изведени од Серафина Фантаузо и хорот Св.Некратиј.

За книгата уреди

 
Корица на преводот од македонски на англиски на книгата „Зета Македонија“

Во овој проект вклучени се низа истражувања чија содржина се однесува на периодот од праисторијата. Првото печатено издание на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, a отпечатено е и второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик со 520 страници, кои содржат 243 дешифрирани текстови од целиот свет, како и 655 илустрации. Во неа се обработени археолошки пронајдоци и артефакти од секаде низ светот и на сите пет континенти кои укажуваат на постоење и континуитет на македонската култура, писменост и јазик, милениуми наназад до 400.000 години македонска ера пред појавата на христијанството.

Анализата на овие артефакти и значајни пронајдоци од историјата на човештвото се однесуваат на „толкување на нивното лингвистичко и верско значење“, наспроти општо прифатеното дека тоа се дела на примитивни луѓе кои не знаеле да се изразат писмено и симболично. Луѓето (почнувајќи од најстариот обработен артефакт од пред 400.000 години) од праисторијата живееле цивилизирано, во општествено уреден живот налик на денешниот, пишувале и комуницирале на македонски јазик, користеле македонска азбука. Науката, верувањата, обичаите и културните достигнувања не биле непознати за македонскиот народ. Тие биле дел од секојдневието на луѓето, цврсто и непосредно поврзани и со науката и со верата. Целиот општествен и културен живот на Македонците е сеопфатно организиран во една држава, распространета на сите пет континенти и се нарекува „Зета Македонија“. Тоа е држава која во својот склоп опфаќа повеќе помали Зети кои ѝ даваат посебен белег и своја одлика на „големата Зета Македонија“ како целина.

Темата и дел од истражувањата послужија и како инспирација за музички нумери на текст од авторот Бранко Сотировски, кој ги сублимираше дешифрираните натписи во стихови, кои ја опеваат македонската вера, опфаќајќи ги сите континенти и периоди. Оваа книга е стремеж на авторот за презентација на македонскиот јазик, наука, култура и македонската монотеистичка вера.

За својата теорија Бранко Сотировски вели:

„Сето верување на Македонците уште од појавата на писмото, дешифрирано и транскрибирано на современ македонски јазик од пишаните споменици како сведоштва, е прикажано на страниците на мојата книга „Зета Македонија“. Останува наша задача, сето тоа да се прикаже во јавноста, како дел од едно непроценливо богатство на еден народ - Македонскиот, кој му ја подарува на светот најстарата вера на Големата Мајка - Тумба со пишани докази, а со тоа влегува во историјата како најстар народ, чии цивилизациски развиток има континуитет до денес. За сонцето како единствено божество, за Големата Ма со нејзините развојни фази, за пролетта Дон и божјиот Македон, за Луна како времето бесконечно, се чуваат живи спомени и во многубројните песни, приказни, традиционални везови и орнаменти на килими, кои откриваат траги за некогашниот култ кој претставува историја на светот.“

Наводи уреди

Надворешни врски уреди