Бранислав Никодијевиќ

Бранислав Никодијевиќ (12 февруари 1929, Скопје - 21 декември 2009, Скопје) — фармаколог, редовен професор, истражувач и основоположник на клиничката фармакологија во Македонија.[1]

Бранислав Никодијевиќ
Роден 12 февруари 1929
Скопје, Македонија Македонија
Починал 21 декември 2009
Скопје, Македонија
Занимање универзитетски професор, фармаколог

Животопис уреди

Бранислав Никодијевиќ е роден на 12 февруари 1929 година во Скопје. Медицински факултет учел во Прага, Скопје и Загреб. Во 1956 година бил избран за асистент по предметот „Физиологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1972 до 1976 година бил иницијатор и основоположник на Клиничката фармакологија во Македонија, и еден е од основачите на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Во 1975 година бил избран за редовен професор по фармакологија.[1]

Од јавните функции што ги обавувал, меѓу другото бил претседател на Сојузот на фармаколошките друштва на Југославија, прв декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје, директор на УЦМН и декан на Медицинскиот факултет во Скопје. По покана, држел предавања на повеќе странски универзитети во САД, Јапонија и Финска. Се пензионирал во 1994 година.

Автор е на повеќе од 130 научни трудови, како и на учебник по Фармакологија. Носител е на: Орден на заслуги за народот со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, и други награди и признанија.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​83-87