Бранимир Штулиќ - Џони
Бранимир Штулиќ Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) — рок-музичар, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок-музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на XX век[1].
Бранимир "Џони" Штулиќ | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Бранимир Штулиќ |
Познат(а) и како | Џони |
Роден(а) | 11 април 1953 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Потекло | Загреб, НР Хрватска, ФНРЈ |
Жанрови | Рок, Фолк рок, Фолк Алтернативен рок |
Занимања | музичар |
Инструменти | вокал, гитара |
Период на активност | 1977—1991, 1998 |
Издавачи | Југотон |
Соработници | Азра |
Бранимир Штулиќ - Џони извршил големо влијание на цела генерација луѓе кои пораснале со неговите ноти и стихови. Од почетокот на 1990-те години се преселил во Утрехт, Холандија[2], повлекувајќи се од јавниот живот, останувајќи „глув“ на разните повици да се врати на Балканот и во рок-музиката. И покрај едноиполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанел најголема штета со хиперпродукција - за само три години издал еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите.
Своевиден куриозитет, кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик: ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус.
Неговата книга „Филигрански плочници“ е тема на краткиот расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[3]
Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.
Наводи
уреди- ↑ Vjekoslav Perica (2014). „Heroes of a New Kind“. Post-Yugoslavia: New Cultural and Political Perspectives. Palgrave Macmillan UK. стр. 116–117. ISBN 978-1-137-34614-8.
The Macedonia-born Štulić (of Croatian family background) ... His family background is Croatian but he declared himself a "Balkanian"
- ↑ „VL Biografije: Branimir Johnny Štulić“ (хрватски). Večernji list. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на August 17, 2016.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 445.
Надворешни врски
уреди- Еднп од хрватските мрежни места посветени на Азра и Џони. Архивирано на 2 ноември 2010 г. (хрватски) (српски)
- Едно од српските мрежни места посветени на Азра и Џони. Архивирано на 3 февруари 2009 г. (хрватски) (српски)
- Уште едно од мрежните места посветени на Азра и Џони. Архивирано на 31 август 2007 г. (хрватски) (српски)