Отвори го главното мени

Бразда (археолошки наоѓалишта)

  • Градиште — утврдена населба од железното, раноантичкото, римското и доцноантичкото време. Се наоѓа на високиот рид што се издига 70 м над околината, обграден од двете страни со Чучерска Река. На врвот има плато со површина од 4,5 хектара, кое паѓа терасесто кон север и југ и на кое се наоѓаат остатоци од утврдена населба. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. На акрополот, врз предримскиот опидум бил изграден доцноримски кастел со квадратна основа и со димензии од 110 × 90 м. Одбранбените ѕидови се градени од камен и варов малтер и имаат ширина од 1,70 м. Со ископувањата во 1986 година се откриени дел од работилница за преработка на метал (оловна руда) и керамика од V-IV век пред н.е. Во северното подножје е откриена раноантичка гробница градена од делкани блокови од травертин кај која се разликуваат две фази на градба. Меѓу многубројната жртвена керамика има повеќе антички црвенофигурални вази од крајот на V и раниот IV век пред н.е. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
  • Ѓорѓоецводовод од римското време. На 1 км југозападно од селото, во непосредната близина на краварската фарма се откриени остатоци од стар водовод ‡ тубулуси. Правецот на протегањето на цевоводот е кон римскиот Скупи.
  • Царевец — населба од римското време. На 3 км западно од селото, на левата страна на Лепенец, на простор од околу 50 × 50 м во нива се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и дел од вотивен споменик со латински натпис.


ЛитератураУреди