Брада — предниот испакнат дел од долната вилица, под долната усна.[1][2] Целосно развиен човечки череп има брада со големина помеѓу 0,7 и 1,1 сантиметар.

Човечка брада

Еволуција

уреди

Добро изразената брада е клучна одлика што го издвојува разумниот човек (Homo sapiens) од другите древни човечки роднини како неандерталците.[3][4] Раните човечки предци имале различни структури на вилицата, но ниту еден не покажувал истакната брада. Причините зошто современите луѓе ја имаат оваа единствена особина, додека ниеден друг примат ја има, сè уште се неодговорени. Се смета дека брадата настанала кога забните лакови на нашите предци станале потесни. Освен тоа, нејзините точни придобивки за време на јадењето, нејзината улога во развојот и поврзаноста со човечкиот говор, физиологијата и општественото поведение се теми на тековната расправа меѓу стручњаците.

Некои научници мислат дека притисокот од џвакањето можеби предизвикал згуснување на коската во долната вилица, на крајот образувајќи ја брадата. Меѓутоа, сè уште е неизвесно дали брадата е приспособување што ни користи или е одлика што нема корисна цел.[5][6]

Двојна брада

уреди

Двојната брада е слој од поткожното масно ткиво околу вратот што попушта и образува брада, што дава впечаток за втора брада. Масната подлога може да се отстрани хируршки.[7]

Наводи

уреди
  1. „брада“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „брада“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Stringer CB, Hublin JJ, Vandermeersch B (1984). The origin of anatomically modern humans in western Europe. In F. H. Smith & Spencer (Eds.), The origins of modern humans: a world survey of the fossil evidence. New York. стр. 51–135. no-break space character во |pages= во положба 3 (help)
  4. Schwartz JH, Tattersall I (март 2000). „The human chin revisited: what is it and who has it?“. Journal of Human Evolution. 38 (3): 367–409. doi:10.1006/jhev.1999.0339. PMID 10683306. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  5. Robinson L (1913). „The story of the chin“. Knowledge. 36: 410–420. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  6. Daegling DJ (1993). „Functional morphology of the human chin“. Evolutionary Anthropology: Issues, News, and Reviews. 1 (5): 170–177. doi:10.1002/evan.1360010506. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  7. Larkin, Dimitrije E. Panfilov; translated by Grahame (2005). Cosmetic surgery today. Stuttgart: Thieme Medical Publishers. стр. 64. ISBN 1-58890-334-6.

Надворешни врски

уреди