Боја на безвремето

Боја на безвремето е роман на Гордана Јовиќ-Стојковска, кој е објавен 1996 година, во издание на Оздавачка куќа Штрк.

Содржина уреди

Романот Боја на безвремето содржи три основни целини: Кула, Името на Скарлет и Центар на светот[1].

Дејствието на романот се одвива во неколкучасовно чекање на граничен премин Табанавце, каде што раскажувач(ка)от, во налудничава гужва на шверцери и слични секојдневни слики на она време на распадот на една и формирање на повеќе држави, чека да премине како би ја погребал својата мајка, личност именувана Скарлет.

Романот содржи повеќе целини, од минато, од идно, мо и од времето пред реалноста. Станува збор за градење на Бабилонската кула, неразбирање, губење емпатија и потпол крах. Споредбата е евидентна со распадот на Југославија, со распад на системските вредности, разоткривање мани, прикази на лицемерја и подемот на марлетиншки трикови во служба на моќта и трагедија на еден (по избор на раскажувачот, народите на бившата држава ги орисвојува како еден, сопствен) народ.

Ликови уреди

  • Скарлет е мајка, името и го наметнува раскажувач(ка)от, уште во раните години кога делумно го сфаќа идентитетскиот проблем на мајката, но и во склад со периодот на шеесеттите години на минатиот век, кога филмот имал исклучителна моќ за влијание врз луѓето. Ликот на мајката (Скарлет) ја симболизира државата; таа како мало дете вила најдена на едно воено поприште на гради на мртвата мајка, некаде во босанските планини, ја спасил партизански воин, кој по војната ја пронашил и презел грижа за неа.

Скарлет е класичен агностик, лик со крајна правдољубивост и непокорност, навидум површна, длабоко филозофски образована, но апсолутно способна да се трансформише во она што посакува, или смета дека треба да биде. Се во нејзиниот живот е само фрагмент, самата таа е фрагмент сочинет од личен избор на верувања, на избори, на потреби.

Нејзината орерана смрт, прерана старост е уште една слика на распад на држава која всушност и е нејзиниот идентитет, нејзиното потекло.

  • Раскажувач(ка)от, е потомак на Скарлет, градител на нејзиниот лик, ловец на туѓите приказни, носител на трагедијата на едно време које се циклично враќа и возвраќа бесмислен удар на цел „еден народ“ замислен да биде приближен на совршенство, паднат во бездна како олицетворение на хаосот, на празнилом на големо ништо.
  • Дедото, партизан што ја пронашол и засолнил Скарлет, осамен лик кој светлината ја наоѓа во постојано судирање со посвоената ќерка, во поинакво воспитување на нејзиното дете, во очувување на људските вредности.
  • Униформата, синегдошки лик на новосоздадената категорија на службеник, орган на власта, моќник. Лик што го ислажува она што доаѓа, ликови без вистинска човечка, духовна, образовна вредност. Ликоови кои растат и се множат во хаосот, заземаат позиции, воспоставуваат (не)ред како смисла на својата моќ.

Преводи уреди

Романот Боја на безвремето е преведен на српски, бугарски и руски (во Белорусија). Поемата Мостување е објавена на сроски и англиски јазик, а нејзини делови на руски, турски и италијански.

Други дела на авторот уреди

Дела уреди

Романи

  • … - фрагментарни роман, Култура, Скопје 1994;
  • Боја на безвремето – роман, Штрк, Скопје1996;
  • Последниот таласон – роман, Три, Скопје2003;
  • Тајна на тринаесеттиот знак – роман, Три, Скопје 2006;
  • Очи пуне чипке – роман, УСЗМ, Скопје 2008;
  • Ѕидање на сонцето - роман, 2011.

'Раскази“

  • Сонкобија –раскази, Студентски збор, Скопје 1991;

Поезија

  • Noctambulissmus – поезија, Куманово1988;
  • Помеѓу – поезија, Студентски збор, Скопје 1990;
  • Мостување – поема, Нушиќ, Скопје1999;

Речници

  • Речник на јужнословенска митологија, Три, Скопје 2004;
  • Српско -македонскиот речник, Слово љубве, Скопје, 2014.

Наводи уреди

  1. Гордана Стојковска Боја на безвремето, Штрк, Скопје, 1996, ISBN 9989-662-08-8