Борис Грегорка (словенечки: Boris Gregorka; Брежице, 2 август 1906 - Љубљана 19 март 2001)[1] бил југословенски гимнастичар, со словенечко потекло. Тој бил репрезентативец, тренер, водич и меѓународен судија во спортската гимнастика.

Борис Грегорка
Роден 2 август 1906( 1906-08-02)
Брежице, Австроунгарија
Починал 19 март 2001(2001-03-19) (возр. 94)
Љубљана, Љубљана
Занимање гимнастичар

Учесник е во Летните олимписки игри во 1928 година во Амстердам и 1936 година во Берлин и Светските првенства во 1930 во Луксемург и Светските првенства во 1938 во Прага.

После Втората светска војна бил војник и водич на гимнастичките репрезентации на Словенија и Југославија на поважни натпревари до Олимписките игри во 1964 година во Токио. Неговиот најголем тренерски успех е освојувањето на титулата на светски, олимписки и европски првак на неговиот ученик Мирослав Церар.[2]

Во 1970 година примил одликување на Светската гимнастичка ферерација (ФИГ) (франц. Fédération Internationale de Gymnastique Reconnaissante). Со останатите признавања и одликувања, во 1967 година доделена му е Блоудековата награда на Сојузот за физичката култура на Словенија.

Наводи уреди

  1. „Boris Gregorka Bio, Stats, and Results | Olympics at“. Sports-reference.com. Архивирано од изворникот на 2020-04-18. Посетено на 2016-11-05.
  2. „Umrl Boris Gregorka“. 24ur.com. 2001-03-19. Посетено на 2016-11-05.