Борба за инвеститура

Борбата за инвеститура е еден од најзначајните конфликти меѓу секуларната и црковната власт во текот на средниот век во Европа. Борбата започнала во текот на 11 век, како спор помеѓу императорот на Светото Римско Царство и папа Григориј VII, околу тоа кој да го контролира и кој да ги поставува епископите и свештениците во црквите. Овој спор довел до граѓанска војна во Германија во кое победа издвојувале војводствата и опатиите, и истиот конфликт довел до распаѓање на Германското Царство, по кое германската територија останала разединето до обединувањето и во текот на 19 век.

Молењето за прошка на Хенрик IV пред папа Гргур VII

Заднина

уреди

Периодот пред да започне борбата за инвеститурата, поставувањето на епископите била теоретска задача на црквата, во пракса истите биле поставувани од страна на власта. Заено со епископската или опатската служба, раководството се стекнувало со голем имот и богатство, така што црковните имоти честопати биле продавани, и покрај тоа што истото претставувало грев. Продажбата на црковните имоти со текот на времето започнало да претставува значаен дел од приходите на секуларната држава. Освен тоа, црковните лица, главно поради својата писменост биле дел од секуларното управување на државата. На тогашните владетели од голема корист им било на функцијите во својата земја да постават епископ или свештеник, кој ќе му биде верен.

Освен ова, императорот на Светото Римско Царство имал моќ и можност сам да поставува односно избира папа, а папата пак го поставувал и го крунисувал по неговото избирање односно доаѓање на власт.

Реформи на папата

уреди
 
папа Гргур VII

Кризата започнала кога една група на епскопи, предложиле да се спроведат т.н. Грегоријански реформи на црквата. Основната причина на реформите лежела во продабата на црковните имоти. Според овие реформи, било предложено црквата да ги поставува свештениците. Грегоријанските реформисти знаеле дека ова нема да се случи сè додека папата бил поставуван од страна на главата на империјата.

Една прилика била отворена кога на власт дошол Хенрик IV. Бидејќи императорот бил сè уште дете, реформаторите прогласиле во 1059 година на црковниот собор во Рим дека секуларните владетели повеќе нема да бидат избирани од страна на папата. За таа цел бил формиран кардиналски совет, кој го избирал папата. На тој начин, изборот на нов папа се задржал до ден денес. Кога Рим успеал во оваа работа, се тргнало кон намалување на правата на владетелите во однос на назначувањето на свештениците.

Хенрик IV

уреди

Папа Гргур VII во 1075 година тврдел дека Римската црква била основана од страна на Бог, и дека папската власт според тоа би требало да биде универзална и дека единствено и само папата може да поставува, назначува и менува епископи или свештеници. Но кога Хенрик наполнил години за да стане император кој има право да владее, тој му испратил писмо на папата во кое тој го сменил од таа функција и на тој начин повикал да биде избран нов папа.

Папа Гргур VII во 1076 година одговорил на писмото според кое тој го екскомуницирал на императорот. Тоа бил прв пример во историјата од 4 век да еден владетел биде симнат од власт. Германската аристократија била на страната на папата, и ова и одговарало. Тие религијата ја користеле како темел за избувнување на побуна, која од порано веќе била започната. Аристократите ги приграбиле овластувањата на императорот, па започнале да полагаат право на власт врз селското население и нивните имоти. Започнале да се градат големи дворци, на кој начин што започнале делумно да се одделуваат од власта на империјата.

Така Хенрик IV се соочил со голема побуна, по кое не му останало ништо друго освен да оди и да се извини на папата. Императорот отишол во резиденцијата на папата во Каноса во 1077 година. Бил принуден неколку денови да го чека папата гладен и необлечен. По неколку денови папата го примил и му простил. Но ова не ја прекинало побуната на германската аристократија. За нов император бил избран Рудолф.

Изборот на новиот император најмногу го затегнало на Хенрик, па така во 1081 година тој успеал да го убие. Истата година тој го нападнал Рим. Папата за помош ги повикал Норманите од Јужна Италија, по кое тие му помогнале во одбраната од Германците. Но Норманите не се повлекле, туку го ограбиле градот Рим, па римските граѓани започнале побуна против папата. Така Григориј бил принуден да побегне, и наскоро по ова бегство, тој починал.

Борбата за инвеститура продолжила и во наредните години, и секој нареден папа настојувал да потикне подуна против Германија. Хенрик IV во 1106 година бил наследен од страна на неговиот син Хенрик V, кој ја продолжил борбата.

По 50 години, на 23 септември 1122 година бил направен компромис познат како конкорад од Вормс.

Англиски конфликт

уреди

Вилијам I го прифатил благословот на папа Григориј VII кога извршил инвазија врз Англија. Меѓутоа Вилијам го одбил папата да дојде во Рим и да го прифати документот наречен Донацијата на Константин, според кој папата има полно право за назначување или менување, но не и владетелот.

Епископиите и опатиите во Англија останале лојални на својот крал, иако папата во 1075 година тврдел дека само папата може да поставува епископи. Во времето на Хенри I, односите помеѓу Рим и Вестминстер особено биле заладени, па надбискупот Анселмо Кантербериски поднел оставка и се повлекол во својот манастир. Така бил екскомунициран клучниот советник на Хенри. Папата разбрал дека англиската поддршка му била од голема важност поради проблемите со Хенрик. Освен ова, на прагот биле и започнувањето на Крстоносните војни.

Главно поради овие околности, во Англија бил постигнат компромис познат како Лондонски конкордат од 1107 година. Според него, во Англија започнале да се разликуваат секуларната и духовната моќ на високите свештеници. Англискиот крал го предал правото на папата тој да поставува и да ги менува епископите и свештениците, но го задржал правото да епископите на него да му се потчинал како секуларни вазали, бидејќи поседувале земја која кралот им ја распределувал.

Значење

уреди

Пред започнувањето на борбата за инвеститура, Германија била обединета и една од најмоќните земји во Европа. По крајот на војната, по 50 години, моќта на Германија била значително намалена, со кое започнало и нејзиното распаѓање. Папата од своја страна пак се стекнал со голема моќ.