Богородица и Младенецот со мачка

Богородица и Младенецот со мачка ― цртеж на холандскиот уметник Рембрант ван Рајн (1606–69). Делото зазема уникатна положба во историјата на отпечатоците како што тоа го прави во историјата на сликарството. Бакрописите како „Богорица и Младенецот со мачка“, од 1654 година, го претставуваат самиот врв на графиката како творечки уметнички облик. Токму за Рембрант генерации на бакрописци постојано барале вдахновение. Во својата збирка, Музејот „Викторија и Алберт“ има и еден од најраните впечатоци од овој бакропис и вистинската бакарна плоча од која е направена сликата.

Богородица и Младенецот со мачка
Творец Рембрант
Година 1654
Димензии 9.5 см × 14.5 см
Првичната бакарна плоча, во Музејот „Викторија и Алберт“.

Овој отпечаток покажува домашна сцена на мајчинска наклонетост, но исто така е моќно дело на христијанската симболика. Додека мачката од левата страна си игра со рабовите на облеката на Богородица, може да се види змија која се влече од под нејзиното здолниште. Богородица гази на змијата, симболизирајќи ја нејзината улога на новата Ева, која ќе победи над првобитниот грев. Јосиф гледа надвор од прозорецот, симболизирајќи ја неговата блискост, но и одвојувањето од Богородица и Детето. Моделот на застаклувањето на прозорецот создава впечаток на ореол околу главата на Богородица.

Библиографија уреди

  • Jackson, Anna (ур.) (2001). V&A: A Hundred Highlights. V&A Publications. ISBN 1-85177-365-7

Надворешни врски уреди