Битка за Берлин — една од последните големи борби на територија на Европа во Втората светска војна. Битката се одвивала од последните денови на април до почетокот на мај 1945 година. Во битката учествувале околу 3.000.000 луѓе на двете страни. Силовитоста на Советската армија резултирала со капитулација на Германија, како и со самоубиство на Адолф Хитлер и неговите блиски соработници.

Битка за Берлин
Дел од Источниот фронт во Втората светска војна

Бранденбуршката капија меѓу урнатините во Берлин, јуни 1945
Датум 16 април – 2 мај 1945
(2 недели и 2 денови)
Место Берлин, Нацистичка Германија
52°31′07″N 13°22′34″E / 52.51861° СГШ; 13.37611° ИГД / 52.51861; 13.37611
Исход Победа на Советскиот Сојуз
Територијални
промени
Советите го окупираат што ќе стане Источна Германија при поделбата на Германија подоцна таа година.
Завојувани страни
 Германија
Команданти и водачи
Прв белоруски фронт:

Втор белоруски фронт:

Прв украински фронт:

Армиска група Висла:

Армиска група Центар:

Берлинско одбранбено подрачје:

Сила
  • Вкупни снаги:
  • 6.250 оклопни возила [2]
  • 7.500 авиони [2]
  • 41.600 aртилериски орудија.[3][4]
  • За напад во Берлинското одбранбено подрачје: околу 1.500.000 војници [5]
Жртви и загуби
  • Архивски истражувања
    (вкупно оперативни)
  • 81.116 погинати или исчезнати [10]
  • 280.251 болни или ранети
  • 1.997 уништени оклопни возила[11]
  • 2.108 артилериски орудија
  • 917 авиони [11]
  • 220.000 погинати [12][б 5]
  • 480,000 заробени [13]
  • 22.000 погинати цивили [14]
Карта на Битката за Берлин, 16 до 25 април 1945
Карта на Битката за Берлин, германски обиди да ја разбијат блокадата, април - мај 1945

Причини

уреди

На почеток на 1945 година состојбата на Источниот фронт од август 1944 година, била релативно мирна и стабилизирана. Германците ја имале загубено Будимпешта и најголемиот дел од Унгарија, Романија и Бугарија биле присилени да се предадат и да ѝ објават војна на Германија, а Полска била потполно отворена за операциите на советската Црвена армија.

По својата неактивност Варшавското востание, советската војска ја зазела Варшава во јануари 1945 година. Во тек на три дена, на широкиот советски фронт, Црвената армија започнала офанзива преку реката Нарев и од правец на Варшава. По четири дена советската армија го пробила германскиот фронт и започнала да го преминува по 40 километри на ден,ослободувајќи ги на тој начин балтичките држави, Гдањск, Источна Прусија, Познањ,со што се поставила на позициите источно од Берлин, по линијата на реката Одра.

Германија организирала контранапад со Армиската група Висла, под команда на Хајнрих Химлер, кој пропаднал на 24 февруари , а Русите навлегле во Померанија и го исчистиле десниот брег на реката Одра. Германскиот обид да се ослободи опколената Будимпешта и заповед на Хитлер повторно да се воспостави фронт по целата должина на реката Дунав бил потполно неуспешен. Обидот за контраофанзива траел до 16 март, по што Црвената армија извршила контранапад, а Советите на 30 март влегле во Австрија, освијувајќи ја Виена на 13 април 1945 година.

Овие воени операции имале огромен негативен учинок за Вермахтот кој останал со дванаесеттина од потребното гориво, со што било драстично намалено производството на авиони, тенкови и друго оружје. Германските трупи поттикнати од националната гордост, страв од последиците за предизвиканите злосторства, од сојузничкото инсистирање на безусловна капитулација и желбата да се добие во време за повлекување на запад, германските војници биле мотивирани на пружање силен отпор.

На ова придонела и одлуката на Адолф Хитлер, кој одлучил да остане во Берлин. Западните сојузници имале делумни планови да извршат падобрански десант и да го заземат Белин, но поради нејасни услови и можни големи губитоци Двајт Ајзенхауер сметал дека нема логика да се учествува во заземање на градот кој ќе биде под советската сфера на влијание по завршување на војната.

Источногерманската офанзива

уреди

Офанзивата на советската Црвена армија во делот на Германија кој подоцна ќе биде дел од Советската сфера на влијание со поделба на Германија ќе ја создаде Источна Германија (Демократска Република Германија), всушност имала две цели: поради стравот дека западните сили нема да се држат до договорот за поделба на заземените територии и главната цел било заземање на Берлин како стратешка позиција, вклучувајќи и заземање на Хитлеровиот бункер. По заземањето на Кенигзберг на 9 април 1945 година, маршалот Константин Рокосовски кој командувал со Вториот белоруски фронт продолжил да напредува на запад кон реката Одра. Во тек на првите две недели на април Русите извршоле прераспределба на фронтот: Маршалот Георгиј Жуков го концентрирал својот Прв белоруски фронт до Одра, од Франкфурт на Одра на југ, до Балтикот, пред Зеловските Висови и се префрлил северно од Зеловските Висови. Во тоа распоредување Германската втора армија, која била опкружена во близина на Гдањск, успела да се префрли преку Одра. На југот, маршалот Иван Коњев го префрлил тежиштето на Првиот украински фронт од Горна Шлеска на северозапад на реката Ниса. Трите советски фронта имале армија од над 2,5 милиона љуѓе: 6.250 тенкови; 7.500 авиони; 41.600 артилериски орудија; 3.255 каќуши, (кои добиле прекар 'Оргулите на Сталин'); и 95.383 возила.

Одбранбените дејствија на германската војска му биле предадени на генералот Готхард Хајнрици кој на 20 март го заменил Химлер и кого го сметале за врвен дефанзивен татктичар. Тој проценил дека главниот удар на советската војска ќе биде преку реката Одра, па таму, за да одбегне големи губитоци поставил лесна одбрана. Неговите инженерски единици ги поставил на Зеловските Висови кои ја надвисувале реката на местото каде што била премостена со автопат. По топење на снегот рамницата била претворена во мочуриште со помош на германската војска, а зад неа биле формирани три прстени на одбрана и досегале до периферијата на Берлин. Овие одбранбени прстени биле сочинети од противтенковски ровови, противтенковски гнезда и широка мрежа ровови и бункери.

Битка на Одра и Ниса

уреди

Битката започнала во раните утрински часови на 16 април со страотно бомбардирање од илјадници артилериски оружја, а пред зора напад извршил и Првиот белоруски фронт со големи сили, но бил пречекан од концентрираната главница на германските единици. Германските сили го избегнале уништувањето на своите трупи. Но со светлина на 143 рефлектори ја заслепувале одбраната, но поради дифузија на светлината во раните утрински часови силуетите биле видливи и нападот бил забавен и со мочуришното земјиште поради што Црвената армија имала огромни загуби. Жуков во напад уфрлил резервна војска, до раната вечер советската војска напредувала речиси 6 километри, но германската одбрана не била пробиена. На југ нападот одел според планот.

Наводи

уреди
  1. Zaloga 1982, стр. 27.
  2. 2,0 2,1 2,2 Glantz 1998, стр. 261.
  3. Ziemke 1969, стр. 71.
  4. Murray & Millett 2000, стр. 482.
  5. 5,0 5,1 Beevor 2002, стр. 287.
  6. Antill 2005, стр. 28.
  7. 7,0 7,1 Glantz 1998, стр. 373.
  8. Wagner 1974, стр. 346.
  9. Bergstrom 2007, стр. 117.
  10. Krivosheev 1997, стр. 157.
  11. 11,0 11,1 Krivosheev 1997, стр. 263.
  12. Müller 2008, стр. 673.
  13. Glantz 2001, стр. 95.
  14. Antill 2005, стр. 85.

Белешки

уреди

[б 1] [б 2] [б 3] [б 4] [б 5]

  1. 1,0 1,1 Heinrici was replaced by General Kurt Student on 28 April. General Kurt von Tippelskirch was named as Heinrici's interim replacement until Student could arrive and assume control. Student was captured by the British and never arrived Dollinger 1967, стр. 228.
  2. 2,0 2,1 Weidling replaced Oberstleutnant Ernst Kaether as commander of Berlin who only held the post for one day having taken command from Reymann.
  3. 3,0 3,1 Initial Soviet estimates had placed the total strength at 1 million men, but this was an overestimate Glantz 1998, стр. 258–259.
  4. 4,0 4,1 A large number of the 45,000 were troops of the LVI Panzer Corps that were at the start of the battle part of the German IX Army on the Seelow Heights.
  5. 5,0 5,1 German estimate (Müller) based on incomplete archival data: 92,000 for Seelow, Halbe and inside Berlin; 100,000 for the whole Berlin area. For information about the genesis of the "Das Deutsch Reich und der Zweite Weltkrieg" project under the Military History Research Office of the Bundeswehr, refer to Ziemke 1983, стр. 398–407.