Бисфосфонатите се класа на лекови кои кои го превенираат губитокот на коскена маса, и се користат во третманот на остеопороза и слични заболувања. Тие се најчесто препишуваните лекови кои се користат во третманот на остеопороза. Се нарекуваат бисфосфонати бидејќи во својата структура содржат две фосфонатни (PO(OH)2) групи.

Хемиска структура на пирофосфат (A, горе) и бисфосфонат (B, долу). P = фосфор, O = кислород, H = водород, C = јаглерод, R = страничен синџир. Кај бисфосфонатите, централниот кислороден атом е заменет со јаглероден атом. Сите бисфосфонати имаат заедничка структура фосфор-јаглерод-фосфор со два странични синџири (R1 и R2 на сликата). Страничниот синџир R2 ги одредува хемиските особини на лекот, и ги разликува поединечните бисфосфонати. Ваквата хемиска структура овозможува висок афинитет за калциум хидроксиапатитот, овозможувајќи брзо и специфично насочување кон скелетот.