Бисерна Пештера
Бисерна Пештера — пештера во југоисточна Србија, на левиот брег на Топоничка Река, во близина на бањата Топило, 25 км од Ниш.
Бисерна Пештера | |
---|---|
Бисерна Пештера | |
Место | Бања Топило, крај Ниш, Србија |
Одлики
уредиОваа пештера досега не била истражена, најмногу затоа што во 80-тите години била каптирана за потребите на Моравскиот водовод, а влезот во пештерата бил заѕидан. Откако системот за водоснабдување е вон употреба пред неколку години, влезот е повторно отворен, но досега не се направени никакви истражувања.[1]
Она што е познато е дека пештерата во почетниот дел има неколку поголеми сали со езера. Пред затворањето, во пештерата е пронајден подвид на слепи ракчиња Trisconiscus bononiensis, подвид што потекнува од оваа пештера, кој не постои на ниту едно друго место во светот, но не е познато дали успеал да преживее поради затворањето на пештерата.[2]