Биланс на состојба
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во финансиското сметководство, биланс на состојба или извештај за финансиската состојба е краток преглед на билансите на некоја личност или организација. Активата (средствата), пасивата (обврските) и сопственичкиот капитал се подредени така што почнуваат од одреден датум, како на пример крајот на финансиската година. Билансот на состојба често се опишува како снимка на финансиската состојба[1] на компанијата. Од четирите основни финансиски извештаи, билансот на состојба е единствениот извештај што се однесува на единствен момент.
Билансот на состојба на една компанија има три дела: актива, пасива и сопственички капитал. Вообичаено , прво се наведени главните категории на активата а по нив следи пасивата. Разликата меѓу активата и пасивата е позната како капитал или нето капитал или нето вредност на компанијата и според пресметковната равенка, нето вредноста мора да биде еднаква на актива минус пасива.[2]
Друг аспект на гледање на истата равенка е дека активата е еднаква на пасивата плус капиталот на сопствениците. Гледањето на равенката на овој начин покажува како била финансирана активата: или со позајмување пари (долг-пасива) или со користење на парите на сопствениците (сопственички капитал). Билансите на состојба обично се презентираат со активата во еден дел а пасивата и нето врденоста во друг дел со тоа што двата дела се „салдираат“.
Евиденциите на вредностите на секоја сметка или линија во билансот на состојба обично се одржуваат со користење на систем на книговодство познат како систем на двојно книжење.
Бизнис кој целосно работи со готовина може да го пресмета својот профит со подигање на целосното салдо на сметката во банка на крајот на временскиот период како и готовината на рака. Меѓутоа, многу бизниси не се исплаќаат веднаш; тие изградуваат залихи од добра и се здобиваат со објекти и опрема. Со други зборови: бизнисите имаат актива и не можат, дури и ако сакаат, веднаш да ја претворат во готовина на крајот на секој период. Честопати, овие бизниси им должат пари на набавувачите и на даночните служби, а сопствениците не го повлекуваат целиот нивни првобитен капитал и профит на крајот на секој период. Со други зборови бизнисите имаат и пасива (долгови).
Видови
уредиБилансот на состојба накратко ги прикажува активата, капиталот и пасивата на некоја организација или лице во одреден момент. Лицата и малите бизниси покажуваат тенденција да имаат едноставни биланси на состојба. Поголемите бизниси се склони кон посложени биланси на состојба, и тие се даваат во годишниот извештај[3] на организацијата. Големите бизниси исто така може да подготват биланси на состојба за сегменти од нивните бизниси.[4] Билансот на состојба вообичаено се презентира заедно со друг биланс за различен временски период (типично за претходната година) за споредба.[5]
Личен биланс на состојба
уредиЛичниот биланс на состојба ја наведува тековната актива како на пример готовината на тековните сметки и штедните сметки, долгорочните средства како на пример обични акции и недвижен имот, тековните обврски (долгови), како на пример заем и хипотека пристигнати за наплата, или заостанати наплати, долгорочни обврски како на пример хипотека и друг заем. Вредностите на хартиите од вредност и недвижниот имот се наведени според пазарна цена а не по историски (првобитен) трошок или основица на трошокот. Личната нето вредност е разликата меѓу вкупната актива и вкупната пасива на лицето.
Биланс на состојба на малите бизниси
уредиАктива | Пасива и сопственички капитал | |||
---|---|---|---|---|
Готовина | 6,600 долари | Пасива | ||
Побарувања | 6,200 долари | Неподмирени долгови | 30,000 долари | |
Обврски | ||||
Вкупна пасива | 30,000 долари | |||
Алатки и опрема | 25,000 долари | Сопственички капитал | ||
Обични акции | 7,000 долари | |||
Задржана добивка | 800 долари | |||
Вкупен сопственички капитал | 7,800 долари | |||
Вкупно | 37,800 долари | Вкупно | 37,800 долари |
Билансот на состојба на мал бизнис ја наведува тековната актива, како на пример готовина, побарувања и залиха, основни средства како на пример земја, објекти и опрема, нематеријални средства како на пример патенти, и обврски како на пример неподмирени долгови, расходи, и долгорочни долгови. Потенцијални обврски како на пример надоместоци се наведуваат во фуснотите на билансот на состојба. Капиталот на малиот бизнис е разликата меѓу вкупната актива и вкупната пасива.[7]
Структура на билансот на состојба на јавните деловни субјекти
уредиКомитетот за меѓународни сметководствени стандарди и многубројни организации карактеристични за одредени земји даваат упатства за билансите на состојба на јавните деловни субјекти.
Името и употребата на билансот на состојбата зависат од земјата во која организацијата има седиште и од видот на организацијата. Владините организации обично не ги следат стандардите утврдени за лицата или бизнисите.[8][9][10]
Доколку е применливо за бизнисот, во билансот на состојба треба да бидат вклучени сумарни вредности за следниве работи: [11]
Актива
уреди- Имот, погон и опрема
- Имот за инвестирање, како на пример недвижен имот што се чува за инвестициони цели
- Нематеријални средства
- Финансиски средства (исклучувајќи ги инвестициите што се одредени за користење на методот за пресметување на капитал, побарувањата, и готовина и еквиваленти на готовина)
- Инвестиции што се одредени за користење на методот за пресметување капитал
- Биолошки средства, што претставуваат живи растенија или животни. Биолошки средства-носачи се растенија или животни што носат земјоделски производ за берба, како на пример јаболкници што се одгледуваат за да произведуваат јаболка и овци одгледувани за да произведуваат волна.[12]
Пасива
уреди- Неподмирени долгови
- Надоместоци за гаранции или судски одлуки
- Финансиски долгови (не вклучувајќи надоместоци и неподмирени долгови), како соло меници и корпоративни обврзници
- Пасива и актива за тековен данок
- Пасива за одложен данок и актива за одложен данок
- Малцинско учество во капитал
- Емитуван капитал и резерви на кои имаат право сопствениците на капитал во акции од Централната фирма
- Незаработена добивка
Капитал во акции
уредиНето активата прикажана на билансот на состојба е еднаква на третиот дел од билансот на состојба, познат како капитал во акции. Формално, капиталот во акции е дел од пасивата на компанијата: тоа се средства што им се „должат“ на акционерите (по исплатата на цела друга пасива); сепак, обично, „пасива“се користи во порестриктивна смисла на пасива не вклучувајќи го капиталот во акции. Билансот на актива и пасива (вклучувајќи го и капиталот во акции) не е случајност. Евиденциите за вредностите на секоја сметка во билансот на состојба се одржуваат со користење на систем на книговодство наречен двојно книжење. Во оваа смисла, капиталот во акции по состав мора да е еднаков на актива минус пасива, и претставува хонорар.
- Број на акции одобрени, емитувани и целосно платени, и емитувани но нецелосно платени.
- Минимална вредност на акциите
- Срамнување на неисплатени акции на почетокот и на крајот на периодот
- Опис на привилегирани, преференцијални и ограничени акции
- Краткорочни акции, вклучувајќи и акции поседувани од филијали и партнери
- Акции резервирани за емитување врз основа на опциони права и договори
- Опис на природата и целта на секоја резерва во рамките на капиталот во акции
Пример на структурата на билансот на состојба
уредиСледнава структура на биланс на состојба е само пример. Не ги покажува сите можни видови на актива, капитал и пасива, но ги покажува највообичаените видови. Поради тоа што го покажува гудвилот, би можело да биде консолидиран биланс на состојба. Монетарните вредности не се покажани, а нема ни сумарни редови (редови за вкупно).
Биланс на состојба на ХХХ, ДОО почнувајќи од 31 декември 2006г.
АКТИВА Тековна актива Готовина и еквиваленти на готовина Побарувања (должници) Залихи Однапред платени трошоци Инвестиции чувани за тргување Друга тековна актива Основни средства (не-тековна актива) Имот, погон и опрема Помалку: Акумулирана амортизација Гудвил Други нематеријални основни средства Инвестиции во партнери Актива за одложен данок ПАСИВА и КАПИТАЛ Доверители: износи пристигнати за наплата во текот на една година (Тековна пасива) Неподмирени долгови Тековна пасива за данок на доход Тековен дел од неподмирени банкарски заеми Краткорочни надоместоци Друга тековна пасива Доверители: износи пристигнати за наплата по повеќе од една година (Долгорочна пасива) Банкарски заеми Емитувани хартии од вредност Пасива за одложен данок Надоместоци Малцинско учество Капитал Акционерски капитал Капитални резерви Ревалоризациона резерва Резерва од претворање Задржана добивка
Поврзано
уредиУпатувања
уредиОваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
- ↑ Williams, Jan R.; Susan F. Haka, Mark S. Bettner, Joseph V. Carcello (2008). Financial & Managerial Accounting. McGraw-Hill Irwin. стр. 40. ISBN 9780072996500.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Williams, p.50
- ↑ Microsoft Corporation balance sheet, 30 јуни 2004
- ↑ International Business Machines "Global Financing" balance sheet comparing 2003 to 2004
- ↑ Balance sheet comparing two year-end balance sheets
- ↑ Williams, p. 50.
- ↑ „Small Business Administration“. Архивирано од изворникот на 2009-10-04. Посетено на 2009-05-23.
- ↑ „University of Victoria (Canada) balance sheet accounts“. Архивирано од изворникот на 2010-06-08. Посетено на 2009-05-23.
- ↑ „State of Alabama (USA) balance sheet accounts“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-29. Посетено на 2009-05-23.
- ↑ „New York State (USA) public utilities balance sheet accounts“. Архивирано од изворникот на 2011-07-26. Посетено на 2009-05-23.
- ↑ "Presentation of Financial Statements" International Accounting Standards Board. Accessed 24 June 2007.
- ↑ Epstein, Barry J.; Eva K. Jermakowicz (2007). Interpretation and Application of International Financial Reporting Standards. John Wiley & Sons. стр. 931. ISBN 9780471798231.
Надворешни врски
уреди- Биланс на состојба – дефиниција, како функционира, и општи детали -Balance sheet - definition, how it works, and general details Архивирано на 7 мај 2009 г.