Биделсдорф (германски: Büdelsdorf; дански: Bydelstorp) — град во округот Рендсбург-Екернферде, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на реката Ајдер и на Килскиот Канал, околу 2 километри северно од Рендсбург и 30 километри западно од Кил.

Биделсдорф
Градското собрание на Биделсдорф
Градското собрание на Биделсдорф
Градското собрание на Биделсдорф
Грб на Биделсдорф
Биделсдорф во рамките на Германија
Биделсдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Рендсбург-Екернферде
Градоначалник Јирген Хајн
Основни податоци
Површина 6,24 км2
Надм. височина 9 м
Население 10.466 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.677 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RD
Пошт. бр. 24782
Повик. бр. 04331
Портал www.buedelsdorf.de
Местоположба на градот Биделсдорф во рамките на округот Рендсбург-Екернферде
Карта
Карта
Координати 54°19′N 9°41′E / 54.317° СГШ; 9.683° ИГД / 54.317; 9.683

Историја уреди

Најраните жители на областа која подоцна станал Биделсдорф се сретнуваат во времето на каменото доба, околу 3000 години п.н.е.. Денешниот Биделсдорф потекнува од мала населба до поголемиот град Рендсбург околу 1300 г. н.е..

Во 1777 година започнала работата на каналот помеѓу Балтичкото и Северното Море. Во 1779 година биле одредени границите на селото. Во 1827 година, Хартвиг Маркус Холер ја отворил Карлсхите, првата индустриска постројка во војводството. Холер исто така изградил бродоградилиште и создал работни места за жените на работниците во фабриката. Во 1841 година вработувал повеќе од 250 работници. Во 1895 година, Килскиот Канал бил завршен и Биделсдорф и Карлсхите процветале. Во 1909 година, Карлсхите вработувал 1.100 работници.

Развојот забавил со Првата светска војна. Меѓутоа, Биделсдорф прераснал во општина со околу 10.000 жители во XX век. Во 1984 година бил отворен новиот плоштад од Биделсдорф, составен од новото собрание, граѓански центар и неколку станбени блокови и продавници. Во 1988 година, Биделсдорф успеал да привлече дополнителни нови компании да отворат фабрики во општината. Како последица на тоа, општината имала околу 11.000 жители и 5.000 работни места.

Во 2000 година, Биделсдорф добил градски права, отворајќи нови можности за идниот развој. Херберт Шит, долгогодишен градоначалник на Биделсдорф, бил првиот градоначалник на градот Биделсдорф.

Меѓународни односи уреди

Збратимени градови уреди

Биделсдорф е збратимен со следниве градови:

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. „Збратимени градови на Олборг“. Europeprize.net. Архивирано од изворникот на 2013-09-07. Посетено на 19 август 2013.

Надворешни врски уреди