Бекир Халими
(Пренасочено од Беќир Халими)
Бекир Халими (албански: Bekir Halimi, Скопје, 15 декември 1971) е поранешен член на ОНА, исламски теолог и вахабист.
Бекир Халими Bekir Halimi | |
---|---|
Род | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Во времето на воениот конфликт во Македонија, тој бил заменик командант на муџахедински единица. Дејствувал во кумановскиот регион - 113 регионална бригада[1].
Во 2008 година бил осомничен од страна на МВР за поврзаност со ќелија на Ал Каеда.[2] Тој е сопственик на издавачка куќа „Нун“ од Скопје и член на невладината „Бами Ресија“. Тој од кувајтската организација „Возобновување на исламското општество“, ставена од Обединетите Нации на црната листа како соработник на Ал Каеда, во јануари 2008 добил над 2.000 евра за плата.[3]
Наводи
уреди- ↑ „www.vmacedonia.com“. Архивирано од изворникот на 2010-11-05. Посетено на 2011-02-19.
- ↑ „Скопјанецот Бекир Халими осомничен за поврзаност со ќелија на Ал Каеда“. Канал 5 телевизија. Посетено на 2011-02-19.
- ↑ Ристески, Миле А. (9 мај 2008). „Полицијата се сомнева дека открила терористичка ќелија“. А1. Посетено на 2011-02-19.
Надворешни врски
уреди- Беќир Халими за радикалниот Ислам - комплетна 40 минутна емисија на А2