Бејлик Маала

село во Егејска Македонија
(Пренасочено од Бејлик Махале)

Бејлик Маала (грчки: Βαλτοτόπι, Валтотопи)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Бејлик Маала
Βαλτοτόπι
Бејлик Маала is located in Грција
Бејлик Маала
Бејлик Маала
Местоположба во областа
Бејлик Маала во рамките на Довишта (општина)
Бејлик Маала
Местоположба на Бејлик Маала во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°0′N 23°36′E / 41.000° СГШ; 23.600° ИГД / 41.000; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&1000000000000005400000054 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно846
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 20 километри југоисточно од градот Сер и на 10 километри јужно од Тополјани.

Селото се наоѓа на надморска височина од 5 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Бејлик Маала било населено исклучливо со Македонци. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 65 семејства со 208 жители Македонци[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 450 жители Македонци[5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 608 македонски гркомани[3][6], и функционирало грчко училиште.

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 252 жители[7].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Валтотопи[8].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле сместени 39 грчки семејства со 156 лица[9]. Во 1928 година, бројот на населението бил 488 лица, додека во 1940 година селото броело 1054 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 745 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 745 жители, во 1971 година имало 823 жители, во 1981 година имало 667 жители, додека во 1991 година имало 556 жители[7]. Денеска, населението на селото е 846 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1054 1136 1330 1168 1150 1210 1138 846
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199.
  7. 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди