Берлинска крофна

(Пренасочено од Берлински крофни)

Берлинска кфрофна, берлинер, берлинец или крапфен е германска крофна со џем без централна дупка, направена од слатко тесто со квасец, пржена во сало или масло за јадење, со полнење со џем и обично покриена со шеќер во прав .

Берлинска крофна
Берлински крофни
ВидКрофна
Место на потеклоГерманија
Крофните во подготовка

Историја

уреди

Шеќерот бил многу скап до 16 век, а раните крофни обично биле полнети со солени филови како сирење, месо и печурки. Во 1485 година, првиот готвач на германски јазик што бил објавен во печатена форма го содржел првиот познат рецепт за крофна со џем, наречена крапфтен, направена од тесто со квасец, исполнета со џем, и пржена во сало. Не е познато дали овој рецепт бил на авторот или едноставно е запис на постоечка практика од тоа време.[1]

Подготовка

уреди

Тестото од квасец содржи многу јајца, млеко и путер. За класичната берлинска крофна од тестото се прават топки, се пржат во сало, при што се појавува карактеристичното светло испакнување, а потоа се полни со џем. Филот може да биде џем од малини, јагоди и цреши, а од горе се попрскува со шеќер или се става шеќерна глазура, понекогаш со вкус на рум. Денес филот обично се инјектира со голем шприц или кеса за пециво, откако тестото ќе се испржи како едно парче.

Денес, берлинската крофна може да се купи во текот на целата година, иако традиционално се јаде при славење на новогодишната ноќ (Силвестер), како и на карневалските празници. Вообичаена германска практична шега е тајно да ја наполните крофната со сенф наместо со џем, особено на 1-ви април,[2] и да ги послужите заедно со вообичаените слатки крофни без да кажете никому.[3]

 
Шарено украсени крофни со различни филови

Урбана легенда на Џон Ф. Кенеди

уреди

Зборовите на Џон Ф. КенедиIch bin ein Berliner“ е стандарден германски за „Јас сум Берлинец“, што значи човек од Берлин. Споменато во романот на Лен Дејтон од 1983 година Берлинска игра, урбаната легенда вели дека поради неговата употреба на неопределен член ein Berliner е преведено како „берлинска крофна“, и дека населението во Берлин се забавувало со наводната грешка. Ова е неточно, доколку се изоставува ein, значењето само малку се менува. Нормалната конвенција кога се наведува националноста или, на пример, ако се каже дека е од Берлин, би било да се изостави неопределениот член ein. Меѓутоа, Кенеди правилно го употребил неопределениот член овде за да ја нагласи својата врска со Берлин.[4][5] Дополнително, зборот Berliner не се користи во Берлин за да се однесува на берлинската крофна, која едноставно таму се нарекува само крофна,[6] и затоа ниту еден Берлинец не би го помешал зборот Берлинец со крофна.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Marks, Gil (15 December 2020). „History of the Jelly Doughnut ~ Sufganiyah“. Leite's Culinaria. Посетено на 30 January 2021.
  2. Fantozzi, Sienna (5 June 2016). „11 food pranks to play on April Fools' Day“. Insider. Посетено на 2021-02-03.
  3. Berlin: Full of history, lifestyle and home-style cuisine Архивирано на 3 март 2014 г. at GermanFoods.org
  4. Daum, Andreas W. (2007). Kennedy in Berlin. Cambridge University Press. стр. 148–149. ISBN 978-3-506-71991-1.
  5. Canoo Engineering AG. „Gebrauch des unbestimmten Artikels (German, "Use of the indefinite article")“. Посетено на 2010-07-05.
  6. „Berliner/Krapfen « atlas-alltagssprache“. www.atlas-alltagssprache.de (германски). Посетено на 2017-02-23.