Нилс Бенгт Фолке Екерот (8 февруари 1920–26 ноември 1971 година) е шведски глумец најпознат по портретирањето на смртта во Седумте печати (1957) во режија на Ингмар Бергман. Во 1956 година, тој ја режирал светската премиера на Долго патување во ноќта, ремек-делото на американскиот драматург Јуџин О'Нил.

Биографија уреди

Екерот е роден во Стокхолм. Имал неколку улоги во шведски филмови, но во „Седумте печати“ на Ингмар Бергман (1957) ја прикажал Смртта како човек со бело лице во црна наметка. Одлуката да се изведе улогата на овој начин била заедничка одлука на глумецот и режисерот. Бергман во својата автобиографија напишал дека двајцата мажи „се договориле Смртта да носи маска на кловн, бела кловновска маска. Спој на маска на кловн и череп.“

Човек со самоуништувачка личност, здравствени проблеми од пушење и прекумерно пиење влијаеле на подоцнежната кариера на Екерот што резултирало со губење на потенцијалните улоги. Починал од рак на белите дробови во 1971 година.

Надворешни врски уреди