Белослав (бугарски: Белослав) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белослав во Варненската Област. Има население од околу 7.620 жители (2022).[1]

Белослав
Белослав
град
Поглед на железничката станица „Белослав“
Поглед на железничката станица „Белослав“
Белослав is located in Бугарија
Белослав
Белослав
Местоположба на Белослав во Бугарија
Координати: 43°11′37.34″N 27°42′24.23″E / 43.1937056° СГШ; 27.7067306° ИГД / 43.1937056; 27.7067306
ЗемјаБугарија
ОбластВарна
ОпштинаБелослав
Управа
 • ГрадоначалникДејан Иванов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна38,37 км2 (14,81 ми2)
Надм. вис.&1000000000000007400000074 м
Население (2022)
 • Вкупно7.620
 • Густина200/км2 (510/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код9178
Повик. бр.+359 05112
Мреж. местоbeloslav.org

Географија и местоположба уреди

Градот се наоѓа на 19 километри западно од Варна. Сместен е на двата брега на длабинскиот пловечки канал Варна - Девња, кој ги поврзува Варненското со Белославското Езеро. Поради немање мост преку каналот во Белослав има редовен траект за превоз на патници од едниот до другиот крај на градот.

Историја уреди

Според историските податоци населбата постоела за време на Второто бугарско царство под името Крушево. Во 16 век тоа било преименувано од османлиските власти во Гебеџе Богаз, а до 18 век од името останало само Гебеџе. За време на Руско-турската војна во 1877 година, руските војници од 71-от Белевски пешадиски полк го ослободиле селото и подигнале комеморативен крст на една височина, менувајќи го името на селото од Гебеџе во Белево.[2] Селото официјално било преименувано во Белево во 1882 година и поново во Белослав во 1940 година. Во 1981 година добило статус на град.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди