Белонокта ветрушка
Белонокта ветрушка | |
---|---|
Мажјак (десно) и женки | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Соколи |
Род: | Falco |
Вид: | Белонокта ветрушка |
Научен назив | |
Falco naumanni Fleischer, 1818 | |
Жолто: размножување; Зелено: постојан жител; Сино: зимување |
Белоноктата ветрушка (Falco naumanni) е мала соколовидна птица. Оваа птица е распространета сè од Средоземјето низ јужна и централна Азија па до Кина и Монголија. Ја има и во Македонија.
Опис
уредиОва е мала граблива птица долга од 27 до 33 см со распон на крилјата од 63 до 72 см. Наликува многу на обичната ветрушка, но има помали крилја и опашка. Го има истиот црн грб и сивиот стомак како и кај ветрушката. Мажјакот има сива глава и опаш како кај ветрушката, но ги нема темните точки на грбот, црната лента кај образите, а има сиви шари на крилјата. Женката и младите се малку посветли од женката кај обичната ветрушка. Повикот на белоноктата ветрушка е цврсто чеј-чеј-чеј , за разлика од кии-кии-кии на обичната ветрушка. И двата пола немаат темни канџи како кај повеќето соколи; кај овој вид канџите се во боја на слонова коска. Оваа птица јаде инсекти, но исто така и помали птици, влекачи и глодачи (најмногу глувци).
Размножување
уредиБелоноктата ветрушка се гнезди колонијално во објекти, карпи или пак во дупки во дрва. Снесува од 3 до 6 јајца.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Falco naumanni“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Надворешни врски
уреди- Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Lesser Kestrel breeding in a village in the south of France Архивирано на 3 јуни 2013 г.
- Ageing and sexing (PDF; 3.5 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.
„Белонокта ветрушка“ на Ризницата ? |