Бела Хамваш (унгарски: Hamvas Béla, Прешов (денес во Словачка ), 23 март 1897 - Будимпешта, 7 ноември 1968) — унгарски писател и есеист. Делата на Хамваш биле објавувани по неговата смрт и сите ракописи сè уште не се достапни.

Животопис уреди

Тој израснал во Братислава како дете на протестантски свештеник. Неговиот татко се занимавал со пишување и предавање на унгарската и германската литература.[1] Во 1915 година Бела се запишал во кадетска школа, а наскоро потоа како војник учествувал во Првата светска војна на украинскиот и италијанскиот фронт, каде двапати бил ранет, доживеал нервен слом и одбил да прими одликувања.

По војната, семејството се преселило во Будимпешта, каде што Хамваш студирал германски и унгарски од 1919 до 1923 година. Отпрвин работел во новинарството како есеист и преведувач. Во периодиката објавува дела, а во 1927 година бил вработен како библиотекар, сè до почетокот на Втората светска војна. За време на војната, тој бил мобилизиран трипати, a во 1942 година тој бил на рускиот фронт. За време на опсадата на Будимпешта во 1945 година дезертирал, а граната го уништува неговиот стан и сите ракописи и книги собирани со години. Имал голем број книги од различни области на човечкото знаење: филозофија, природни и општествени науки, теорија на уметност, психологија, како и од проектот „Сто книги“ на светската литература. Покрај текстовите објавени во периодиката и книгата „Невидливи настани“ објавена во 1943 година, единствен случајно зачуван ракопис од овој прв период на работата на Хамвас е капиталното дело Scientia sacra.

По војната, во 1948 година. заедно со неговата сопруга Каталин Кемен ја објавува книгата Револуција во уметноста, апстракцијата и надреализмот во Унгарија, а наскоро поради ставовите кои не се вклопувале во моделот на Лукач за комунистичкиот културен ентузијазам, го губи местото библиотекар, влегол на црната листа, со што бил спречен да објавува книги и да најде пристојна работа.

Значајни дела уреди

  • Scientia sacra, духовното наследство на човештвото (1988) [2]
  • Патам I-III (1992 - 93)
  • Карневал (1985)
  • Во одреден поглед (1991)
  • Имено (1991)

Наводи уреди

  1. Катарина Вуковиќ (2018): Кој е Бела Хамваш? Архивирано на 2 декември 2018 г.
  2. Дела на Хамваш

Надворешни врски уреди