Централна банка на Шведска

(Пренасочено од Банка на Шведска)

Шведска кралска банка (шведски: Sveriges riksbank, Riksbanken) — централна емисиона банка на Шведска.[2] Таа е првата, односно најстарата централна банка во светот и четврта најстара банка воопшто. Банката понекогаш се нарекува и Народна банка на Шведска или Банка на Шведска.

Централна банка на Шведска
Sveriges riksbank (шведски)
Лого
Лого
Седиште
Седиште
СедиштеСтокхолм
Основана1668
ГувернерСтефан Ингвес
Централна банка наШведска
Валуташведска круна
SEK (ISO 4217)
Каматна стапка2,25% [1]
Interest on reserves0,75% [1]
ПретходникБанка на сталежите (1866)
Стокхолмска банка (1668)
Мрежно местоhttp://www.riksbank.se

Историја уреди

Трендовите кои го зафаќале поразвиениот дел на Европа за време на средниот век, брзо се ширеле и во Шведска. Така, шведските пари и нејзиниот монетарен систем претрпеле промени и прилагодувања под влијание на овие трендови. Првобитниот концепт на банкарство за време на средниот век почнал да се шири од Италија кон Северна Европа. На почетокот на XVII век веќе почнале да се даваат првите предлози за основање банка во Шведска. Во 1611 година со пристигнувањето на чело на кралството на Густав II Адолф, за канцелар бил назначен Аксел Оксенстјерна, кој одиграл важна улога во формирањето на првата банка во Шведска. Воедно, тој предложил во секој град, или барем во некои, да има по една банка. Во 1642 година парламентот (Riksdag), изгласал во корист на неговата замисла за потребата од основање банка во која ќе се депонираат и позајмуваат пари.

Стокхолмска банка уреди

Податотека:Stockholms Banco.jpg
Стокхолмска банка

На 30 ноември 1656 година, кралот Карл X Густав се наоѓал во виорот на војната со Полска. Од кампот на неговата војска во Мариенбург, Источна Прусија (сега преименуван во Малборк, Полска) близу балтичкиот брег, тој дал дозвола за формирање банка која ќе се занимава со давање заеми и вршење размени. Банката го добила името Стокхолмска банка (Stockholms Banco) и, на тој начин, таа станала првата шведска банка.

„Стокхолмска банка“ била основана како приватна компанија со силна регулација од страна на државата. Банката била во сопственост на Јохан Палмструх, поради што е, исто така, позната и како „Палмструхова банка“. Палмструх бил холандски трговец заслужен за воведувањето на книжни пари во Европа. Самата банка не била ништо ново, туку само една бледа имитација на јавните депозитни банки од Амстердам и Хамбург. Но, Палмструх додал две важни иновации:

  • Првата, била искористување на депонираните пари на сметките во банката за финансирање заеми, но тоа наскоро станало проблем бидејќи депозитите обично биле краткорочни, а заемите долгорочни, што значи дека депонираните пари биле недостапни за повлекување од сметките на сопствениците.
  • Втората иновација на Палмструх била воведување на „кредитни хартии“ (kreditivsedlar) во 1661 година, првите европски банкноти, кои биле разменливи во секое време за златни и сребрени монети. Овие банкноти биле многу успешни, но банката почнала да печати премногу банкноти без потребното обезбедување, што довело до нејзина пропаст во 1668 година.

Палмструх бил обвинет за неодговорно водење на книгата за евиденција и одговорен за загубите на банката. Во неможност неговата банка да ги покрие парично направените грешки во1668 година, тој бил осуден на губење на титулата, губење на неговата банкарска привилегија и вечно прогонство или смрт. Владата, сепак ја променила смртната казна и Палмструх наместо тоа бил затворен. Тој останал во затвор сè до 1670 година, а починал следната година на возраст од 60 години.

Банката на сталежите уреди

Податотека:Банката на сталежите.jpg
Банката на сталежите

Во 1668 година, парламентот, кој бил составен од благородници, свештеништвото и буржоазијата, одлучил повторно да ја воведе Стокхолмската банка, но овојпат под името „Банка на сталежите“ (Riksens Ständers Bank). За време на т.н. Карлови години, кралевите Карл XI и Карл XII остварувале значително влијание врз банката. Таа била принудена да ја финансира Големата Северна војна. Со ова, Банката на сталежите се доближила целосно до онаа улога поради која претходно била формирана Амстердамската банка (1609) за финансирање на војните.

Поради искуството со Стокхолмската банка, на Банката на сталежите не ѝ било дозволено да печати книжни пари. Сепак, во 1701 годин добила дозвола за издавање на т.н. „кредитни белешки“. Некое време на средината на XVIII век, почнале да се појавуваат фалсификувани банкноти, што предизвикало сериозни проблеми. За да се спречи фалсификувањето, било одлучено Банката на сталежите самата да произведува хартија за издавање на книжните пари. Печатницата на пари била отворена во Тумба (Tumba), на периферијата на Стокхолм.

За време на Ерата на слободата, кога војните се смириле, банката немала веќе што да финансира, па таа се свртила кон давање помош за заздравување на економијата. Во 1766-1767 година, банката донела програма за враќање на стабилноста на цените, но мерките подоцна предизвикале дефлацициска криза.

Движење кон централното банкарство уреди

Податотека:1897 година потпишување на Актот на банката, познат како Riksbank Act.jpg
1897 година потпишување на Законот за банката, со која таа станала најстара централна банка во светот.

Во текот на XIX век побарувачката за кредити од деловниот сектор се зголемила. Во овој период, Шведска имала стекнато добро развиен банкарски систем. Од 1824 година започнало основањето и на приватни банки како што се Сканиската приватна банка (Skånes Enskilda Bank) и Стокхолмската приватна банка (Stockholms Enskilda Bank). Со околу 30 приватни банки , една штедилница (основана во 1820 година) и хипотекарна институција (1830 година), Шведска била вистински предводник во банкарскиот систем.

Во текот на XIX век, Банката на сталежите одржувала доминантна позиција како кредитна институција и издавач на книжни пари. Банката ги раководела националните трговски трансакции и континуирано обезбедувала кредити на пошироката јавност. Првата нејзина филијала била отворена во 1824 година, a подоцна следело отворање во секој округ (län). Овие оперативни активности кои ги извршувала Банката на сталежите драстично се разликувале од оние на банките во другите земји во текот на XIX век.

Во 1867 година, Банката на сталежите го променила своето име во Државна банка на Шведска (Sveriges Riksbank). Во 1873 година го вовела златниот стандард, била формирана скандинавската монетарна заедница и била воведена нова валута, круната.

Банката станала централна банка во вистинска смисла на зборот кога добила монопол за издавање книжни пари во 1897 година со законот познат како Закон за државната банка. Меѓутоа, кралот сè уште имал право да го назначува претседателот на одборот на директори, па банката сепак останала само уште една служба парламентот. Сепак, со овој закон банката добила нова улога и значење во однос на монетарната политика: ексклузивно право за печатење книжни пари и одбрана на вредноста на валутата. Со зконот се потврдило барањето приватните банки да престанат да издаваат книжни пари.

Од Првата до Втората светска војна уреди

За време на Првата светска војна светот бил соочен со многу висока инфлација, по која уследила и тешка дефлација во почетокот на 1920-тите години. Централната банка доживела големи тешкотии во справувањето со економските флуктуации. Состојбата се подобрила за неколку години, но повторно се влошила со падот на Волстрит во 1929 година, кој бл проследен со отфрлање на златниот стандард. Следел протекционизам и економска депресија. Протекционизмот се вовел со користење различни методи за да се даде обид да се заштитат стоките и услугите произведени во Шведска од конкуренцијата на другите земји. Кризата го отворила патот за посилна координација на фискалната и монетарната политика, што пак придонело за помирен и поконзистенет пристап во периодот што следел.

Шведската валута до 1931 година била поддржана од злато и за хартиените уверенија можело во секое време да се добијат златници. Банката била должна до 1975 година од страна на шведскиот устав да ја врши оваа размена, но во 1931 година специјализиран привремен закон бил напишан за да се ослободи банката од оваа обврска. Овој Закон бил обновуван секоја година до новиот Устав кој бил ратификуван во 1975 година кога во Уставот бил внесен долго обновуваниот Закон. Со тоа и уставно, Шведската централна банка немала обврска да ја врши размената банкноти – злато.

Од криза до справување со инфлацијата уреди

Во овој период, глобалната економија постојано се трансформирала во голем степен. Прекуграничните капитални текови силно се зголемиле и претходно регулираните економии сега биле вовлечени во меѓународната трговија. Додека економистите ги преиспитувале ставовите и учењето на Кејнс, во Шведска нешто многу посериозно се случувало. Германија дала приоритет на борбата против инфлацијата во однос на невработеноста, а САД и Велика Британија се зафатиле со либерализација на финансиските пазари. Реструктурирањето на шведскиот финансиски систем не се случил во исто време како и кај другите земји. Во Шведска немало дерегулација до средината на 1980 тите, а кога пак се случила, таа била проследена со мерки за намалување на инфлацијата на почетокот на 1990-тите. Кредитниот раст што следелл од дерегулацијата довел до финансиска криза во почетокот на 1990-тите. Од 1991-1993 година, Шведска доживеала поголема рецесија од 1930-тите. На рецесијата во раните 1990-ти се придодала и инфлацијата од околу 2%. Стапките на инфлација продолжиле да бидат ниски и во текот на следните години на силен раст во доцните 1990-ти. Во ноември 1992 година, режимот на фиксниот девизен курс на шведските круни пропаднал. Неколку месеци подоцна, во јануари 1993 година, Управниот одбор на Централната банка на Шведска развил нов режим на монетарна политика врз основа на флуктуирачки курс и фокус кон задржување на стабилноста на инфлацијата. Овие политики биле под големо влијание од помошта на Банката на Канада, која имала големо претходно искуство во контролирањето на инфлацијата.

Новиот закон за банката од 1999 година ѝ доделил поголема независност од порано. Круната останала официјална валута во Шведска откако на референдум, граѓаните го отфрлиле усвојување на еврото во 2003 година.

Во јули 2009 година, Шведската централна банка била првата централната банка која користела негативни каматни стапки. Намалување на стапките на депозит отишло до -0,25%.

Гувернери уреди

  1. Брур Карл Јохан Лангенскелд (1901-1912)
  2. Виктор Мол (1912-1929)
  3. Ивар Рут (1929-1948)
  4. Клас Бек (1948-1951)
  5. Матс Лемне (1951-1955)
  6. Пер Осбринк (1955-1973)
  7. Кристер Викман (1973-1976)
  8. Карл-Хенрик Нурдландер (1976-1979)
  9. Ларс Волин (1979-1982)
  10. Бенгт Денис (1982-1993)
  11. Урбан Бекстрем (1994-2002)
  12. Ларс Хејкенстен (2003-2005)
  13. Стефан Нилс Магнус Ингвес (2006-)

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Преоткупна стапка - табела“. Централна банка на Шведска. 22 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 20 март 2012.
  2. http://www.riksbank.se/

Надворешни врски уреди