Балушка
Балушка (грчки: Πολύστυλο, Полистило[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Балушка Πολύστυλο | |
---|---|
Координати: 40°59′N 24°19′E / 40.983° СГШ; 24.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 52 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 420 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 11 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 52 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 45 цигани[3].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 49 грчки семејства со 213 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 213 лица, додека во 1940 година селото броело 324 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 471 жител, во 1971 година имало 408 жители, во 1981 година имало 480 жители, додека во 1991 година имало 449 жители[6]. Денеска, населението на селото е 420 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 324 | 446 | 471 | 408 | 480 | 449 | 400 | 420 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Πολύστυλο
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71.