Балиско Море

море во Индонезија

Балиско Море (индонезиски: Laut Bali) — морска површина северно од островот Бали и јужно од островот Кангеан, Индонезија. Го образува југозападниот дел на Флореското Море, а од запад се граничи со Мадурскиот Проток.[1]

The location of the Bali Sea, shown in blue.

Географија

уреди

Морето понекогаш се смета за целина заедно со Флореското Море за океанографски цели, но некои поморски крати го бележат како посебно. Балиското Море зафаќа површина од 45.000 км2 и достигнува најголема длабочина од 1.590 м.[2]

Опфат

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Балиското Море ги има следниве граници:[3]

На север. Линија од островот Западен Патерностер до источнот крај на Сепанџанг, а оттаму преку овој остров до западниот крај на заливот Гедех на јужниот брег на Кангеан (7°01′S 115°18′E / 7.017° ЈГШ; 115.300° ИГД / -7.017; 115.300).

На запад. Линија од западниот крај на заливот Гедех на островот Кангеан до ’ртот Седано, североисточниот крај на Јава и надолу по истсочниот брег до ’ртот Бантенан, југоисточниот крај на островот.

На југ. Линија од ’ртот Баненан низ јужните краеви на островите Балт и Пенида до ’ртот Бт. Генданг, југозападниот крај на Ломбок и неговиот јужен брег до ’ртот Рингит (југоисточниот крај), а оттаму линија до ’ртот Мангкун (9°01′S 116°43′E / 9.017° ЈГШ; 116.717° ИГД / -9.017; 116.717), југозападниот крај на Сумбава.

На исток. Западниот и северниот брег на Сумбава, на исток сè до ’ртот Сарокаџа (8°22′S 117°10′E / 8.367° ЈГШ; 117.167° ИГД / -8.367; 117.167), оттаму западната граница на Флореското Море [линија од ’ртот Сарокаџа до островот Западен Патерностер (7°26′S 117°08′E / 7.433° ЈГШ; 117.133° ИГД / -7.433; 117.133)].

Струење на водата

уреди

Движењата на водената маса на Балиското Море претставуваат продолжение на тековите од Флореското до Јаванското Море на север. Низ него минува Индонезиската струја која доаѓа од Тихиот и преоѓа во Индискиот Океан, при што текот е најзастапен во Балискиот и Ломбочкиот Проток.[4]

Цунамија

уреди

Балиското Море бележи неколку цунамија во пишаната историја. Едно е забележано со избувнувањето на Тамбора во 1815 г. (показател на вулканска избувност од 7), а потоа и уште едно по три години, со подоцнежната вулканска активност.[5] Забележани се уште две цунамија во 1857 и 1917 г. со најголема висина од 3 односно 2 м.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Merriam-Webster's Geographical Dictionary. Merriam-Webster. 1997. ISBN 0-87779-546-0.
  2. Steven K. Baum (August 17, 2001). „Glossary of Physical Oceanography and Related Disciplines“. Texas A&M University. Архивирано од изворникот на 18 October 2007. Посетено на 2007-10-09.
  3. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  4. Rhodes W. Fairbridge (2000). The Encyclopedia of Oceanography. Van Nostrand Reinhold Co. ISBN 0-442-15070-9.
  5. 5,0 5,1 National Geophysical Data Center. „Tsunami Events where Source Location Name includes bali sea“. Natural hazards. Посетено на 2007-10-09.

7°30′S 115°30′E / 7.500° ЈГШ; 115.500° ИГД / -7.500; 115.500