БГ-ТЈУРК

(Пренасочено од БГ-ТУРК)

Бугарско-турска новинска агенција (БГ-ТЮРК / BG-TÜRK) е приватна бугарска агенција на турски јазик, која што објавува вести за Бугарија на своето мрежно место.

Од отворањето во март 2003 година, мрежното место на агенцијата секојдневно го посетуваат над илјада читатели, главно од Турција, Бугарија и земјите-членки на ЕУ.

БГ-ТЮРК нуди вести, преглед на турски јазик на бугарскиот печат, како и форум.

Некои од водечките бугарски информативни мрежни места и весници ја користат БГ-ТЮРК како свој извор.

Надворешни врски уреди