Афера „Големо уво“

Афера „Големо уво“ — афера која избувнала во Македонија кон крајот на 2000 година, кога било откриено дека Министерство за внатрешни работи на Македонија прислушкувало стотици политичари, новинари и дипломати.

Афера „Големо уво“
Датум2000 година
Место Македонија
Повод
  • обвинение за незаконско прислушкување на телефонски разговори од страна на УБК
Исходаболиција на обвинетите
Страни во судирот
Предводници

Тек уреди

Аферата „Големо уво“ започнала кога водачот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, на 17 јануари 2000 година на прес-конференција во седиштето на партијата обелоденел стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати кои биле прислушкувани. На 22 јануари, Основното јавно обвинителство испратило барање до Основниот суд Скопје 1, барајќи да се спроведат истражни мерки и сослушување на 70 сведоци. Обвинителот Марко Зврлевски во текот на спроведување на истрагата барал одговор од Бранко Црвенковски да каже кој му ги дал транскриптите, но тој одбил да одговори. Се смета дека материјалите на Црвенковски му биле дадени од страна на Зоран Верушевски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Последици уреди

Вештачењето што било направено во 2001 година, покажало дека Министреството за внатрешни работи и Македонски телекомуникации имале соодветна опрема за прислушување.

Во 2003 година за аферата биле обвинети министерката за внатрешни работи Доста Димовска и началникот на управата за оперативна техника во МВР, Александар Цветков. Двајцата, скопското обвинителство ги товарело како нарачатели.

Аферата завршила кога претседателот Борис Трајковски ги аболицирал Доста Димовска и Александар Цветков. Поради незадоволство од исходот, дел од новинарите кои биле прислушкувани, ја тужеле Македонија и пред судот во Стразбур во 2006 година. Во 2013 година, 17 новинари го добиле случајот во судот во Стразбур[1].

Наводи уреди

  1. „Македонските новинари ја добија пресудата за „Големото уво". Скопје: Неделник Република. 18 февруари 2013. Посетено на 23 декември 2016.[мртва врска]