Аспорча Хатун (околу 1300 - 1362) — втора сопруга на отоманскиот султан Орхан I и мајка на Шехзаде Ибрахим, Шехзаде Шерефулах, Фатма Хатун и Селџук Хатун[4][5].

Аспорча Хатун
اسپورشہ خاتون
Погребното место на „Аспорча Хатун“ се наоѓа во рамките на турбето на Орхан I во Бурса
Роден(а)Аспорча[1]
ок. 1300
Византија
Починал(а)19 ноември 1362 (на 61–62 г.)
Бурса, Отоманско Царство
Почивалиште
турбе на Орхан I во Бурса
СопружникОрхан I
ДецаШехзаде Ибрахим
Шехзаде Шерефулах
Фатма Хатун
Селџук Хатун[2][3]
ТаткоАндроник II Палеолог (можно)

Животопис

уреди

Потеклото на Аспорса Хатун е прашање на контроверзии. Според некои извори, таа била ќерка на царот Андроник III Палеолог и неговата сопруга Ана Савојска. Можно е дека таа била ќерка на царот Андроник II Палеолог[6].

Во 1316 година Орхан се оженил со принцезата, но и покрај бракот, војната продолжила со Византија[6] . По нејзиниот брак, таа го прифатила исламот и го родила Шехзаде Ибрахим, гувернер на Ескишехир кој бил погубен по наредба на неговиот полубрат Мурат I, што било проследено со раѓањето на принцезите Фатма Хатун и Селџук Хатун. Ништо друго не е познато за неа, освен тоа што Осман и дал на оваа снаа неколку села, кои потоа ги посветила на своите потомци во 1323 година, правејќи го нејзиниот син нејзин егзекутор.

Таа починала во 1362 година и била погребана во гробница заедно со сопругот Орхан и Нилуфер Хатун.

Наводи

уреди
  1. „Turkey: The Imperial House of Osman“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на May 2, 2006. Посетено на 6 February 2014.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име :4.
  3. Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler (турски). Oğlak Yayıncılık. стр. 39–40. ISBN 978-975-329-623-6.
  4. „Consorts Of Ottoman Sultans (in Turkish)“. Ottoman Web Page.
  5. Anthony Dolphin Alerson (1956). The Structure of the Ottoman Dynasty. Clarendon Press.
  6. 6,0 6,1 Leslie P. Peirce (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 106–107. ISBN 978-0-195-08677-5.